Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Наоми Кембел покажа дека добриот дизајн нема „рок на траење“ кога синоќа се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во винтиџ фустан на Chanel.

Легендарната манекенка присуствуваше на премиерата на филмот Furiosa: A Mad Max Saga, а за таа прилика ги воодушеви сите појавувајќи се во фустанот што првпат го носеше во 1996 година.

Станува збор за креација на Chanel создадена од Карл Лагерфелд и беше дел од колекцијата есен/зима ’97 година.

Црниот фустан со светки има проѕирни делови, а за разлика од 1996 година кога Кембел носеше постава под фустанот, во Кан се појави без неа, а под проѕирните ленти се гледаше црна долна облека.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Who What Wear (@whowhatwear)

Стајлингот е дело на Ло Роуч, кој во Холивуд го нарекуваат „архитект на имиџ“, а токму тој е одговорен за статусот на Зендаја како модна икона во последно време.

Фустанот има бисерни ремени, а парчето го спои со шпицести салонки и висечки дијамантски обетки.

Манекенката привлече значително внимание носејќи го истиот фустан по 28 години, а корисниците на социјалните мрежи се прашуваа дали е можно таа да изгледа уште подобро од тогаш.

Филмот Furiosa: A Mad Max Saga, на чија премиера присуствуваше Кембел, е постапокалиптичен акционо-авантуристички филм во режија на Џорџ Милер. Тоа е петтиот дел од франшизата Mad Max и служи како спин-оф и приквел на Mad Max: Fury Road.

Оваа година, членови на жирито на Канскиот фестивал се Грета Гервиг, Ева Грин и Лили Гладстон, а на церемонијата на отворањето на Мерил Стрип и беше врачена почесната Златна палма, која се доделува како признание за нејзиниот придонес во филмот.

Филмскиот фестивал во Кан во 2024 година ќе трае од 14 до 25 мај 2024 година.

реклама

Официјално отворенa Нотр Дам – дојдоа Трамп, Зеленски, Маск, Мелони...

Read more

Падна Дамаск, Асад побегнал од Сирија со авион

Read more

Навивачите во Бундеслига: Клоп е „гробар на германскиот фудбал“

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Стил

Контроверзна реклама: Хајди Клум повторно позираше во долна облека со ќерка ѝ

Read more

Balenciaga, која будала ќе го купи ова?!

Read more

Алекс Консани e првата трансродова жена крунисана за Модел на годината

Read more

Casio претстави модерна верзија на првиот дигитален часовник G-Shock

Read more
 

Магазин

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Читај повеќе

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе

Како спиењето подоцна за викенд влијае на здравјето?

Читај повеќе

Експертка ја откри вистинската локација за новогодишната елка во домот

Читај повеќе