Холанд дури по 24 часа јавно му честиташе на Меси

Норвешкиот напаѓач џентлменски го поднесе поразот во трката за Златната топка и воодушеви со својата реакција на која се чекаше многу подолго од очекуваното.

Имено, дури 24 часа по церемонијата во Париз тој на Instagram стори ја сподели фотографија од Лионел Меси со Златната топка и му честиташе на шпански, едноставно пишувајќи „Честитки Лео Меси“.

Се разбира, Холанд лично му честиташе на Меси на самата церемонија, но изненади доцното честитање на социјалните мрежи.

Многу фудбалски фанови, новинари и легенди се убедени дека Холанд требаше да ја добие Златната топка годинава, а Меси при добивањето на наградата им се поклони на своите млади конкуренти.

„Ерлинг и Килјан се два конкурентни ѕвера. Добро го познавам Килјан, а кај Ерлинг треба да видите како ги слави головите. Очекувам тие двајца во иднина да се борат за оваа награда. Тие тоа го заслужија“, рече Меси.

Меси особено му се обрати на Норвежанецот, за кој рече дека исто така многу ја заслужил Златната топка.

„Ерлинг ги освои Премиерлигата и Лигата на шампионите и беше најдобар стрелец. Оваа награда вечерва можеше да биде и твоја. Затоа, сигурен сум дека ќе ја освоиш во годините што доаѓаат“, додаде тој.

Да потсетиме, 36-годишниот Меси по осми пат ја освои Златната топка, награда која повеќе не е за најдобриот фудбалер на крајот од годината, туку за претходната сезона.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе