Напаѓачот на Борусија, Ерлинг Холанд го отвори резултатот во мечот од 26. коло во Бундеслигата против Шалке.
19-годишниот Норвежанец го постигна првиот гол во Бундеслигата во 29. минута, по продолжението на сезоната, прекината поради коронавирусот.
Тој изведе танц по постигнатиот гол додека одржуваше социјална дистанца.
За Холанд ова е десеттиот гол на 9 натпревари сезонава во Бундеслигата. На трибините нема да има фанови до крајот на сезоната.
„Милионерите“ по 60 минути игра имаа предност од 4:0, а посебно внимание привлече четвртиот гол.