Хрватите ќе бидат меѓу првите во ЕУ кои ќе можат да користат мобилен телефон како пасош

Хрватска и Финска, како и Холандија и Канада, добија пилот-проекти за развој на дигитални пасоши на мобилни телефони, чија крајна цел е користење на најнова технологија за олеснување на патувањето и подобрување на безбедноста на патниците, пишува денеска весникот Jutarnji List.

Хрватските граѓани ќе бидат меѓу првите во Европската Унија кои ќе можат да користат дигитална патна исправа во својот дигитален паричник во мобилниот телефон.

Дигиталниот патен документ ќе им овозможи на граѓаните, на пример, однапред да го најават своето пристигнување во некоја земја, а со тоа да го скратат времето на минување на граничните премини колку што е можно повеќе.

Проектот во Хрватска го спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за комерцијална дејност (АКД), во кои објаснуваат дека се работи за обемен проект, во кој развој и бројни тестови допрва следуваат, што е причина што Европската Комисија одобри финансирање во износ од речиси 2,3 милиони евра.

Хрватските граѓани го користат еПасошот од 2009 година, чија сигурност во моментов се заснова на проверка на автентичноста на личните податоци во физичка и електронска форма. Тоа значи дека дигитализираните податоци зачувани во чипот за пасош се идентични со печатените податоци во книжниот пасош. Исклучок се биометриските податоци.

Како што појаснуваат во АКД, пилот-проектите што ќе ги спроведуваат Хрватска и Финска, како и Холандија и Канада, имаат за цел да имплементираат дигитална патна исправа, чија виртуелна компонента е поврзана со еПасошот, т.е. содржи делумна копија од биографските и биометриските податоци на лицето во еПасошот.

Ова ќе овозможи идентификација на патниците само врз основа на виртуелната компонента на дигиталната патна исправа.

За новиот дигитален пасош АКД ќе го продолжи развојот на мобилната апликација Certilia, која секој граѓанин кој има валидна лична карта со чип може да ја користи за дигитална потврда на идентитетот.

За потребите на пилот-проектот, АКД ќе му овозможи на носителот на пасош да креира дигитална патна исправа во рамките на мобилната апликација Certilia, што е средство за електронска идентификација од највисоко ниво. Бидејќи Certilia ги има сите предуслови за иден дигитален паричник на ЕУ, логично е АКД да им обезбеди на нашите граѓани дигитален пасош на мобилен уред“, посочува Јуре Сертиќ, директор на АКД.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе