Киев жестоко нападнат од камикази дронови: Русите мислат дека тоа ќе им помогне

Неколку експлозии одекнаа денеска во раните утрински часови во Киев, точно една недела откако Русите го нападнаа главниот град на Украина, пренесе француски AFP.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека експлозиите се случиле во областа Шевченко, исто како и минатиот понеделник. Сите служби се движат кон таа локација, детали за подоцна.

Кличко предупреди дека воздушната закана продолжува и ги повика граѓаните да останат во засолништа.

Тој потоа додаде дека како резултат на нападот со дрон избувнал пожар во нестанбена зграда, додека неколку станбени згради биле оштетени. Засега нема информации за жртви.

Беспилотни летала камикази предизвикаа експлозии

Агенцијата Reuters објави дека нападот го извршиле беспилотни летала - камикази, повикувајќи се на соопштението на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, кој на Telegram напиша: „Русите мислат дека тоа ќе им помогне“.

Три експлозии се слушнале помеѓу 6:35 и 6:58 часот по локално време. Сирените сигнализираа воздушен напад непосредно пред првата експлозија.

Објавена е мапа на моментални опасности од воздухот во Украина:

URL

Минатиот понеделник, на 10 октомври, Русите силно го бомбардираа Киев и другите украински градови, при што загинаа 19 лица, а беа повредени 105, што предизвика меѓународна осуда. Еден ден подоцна, Русите продолжија со воздушните напади, но со помала жестокост, а нивна главна цел беа енергетските капацитети на западот на Украина.

Нападите беа извршени во знак на одмазда за експлозијата во која делумно беше оштетен мостот на Крим, стратешки многу важен за Русите.

Минатиот петок рускиот претседател Владимир Путин го изрази своето задоволство од воздушните напади и оцени дека вакви деструктивни напади врз украинските градови во моментов не се неопходни.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе