Ким Џонг Ун не одговара на повиците на Џо Бајден

Б.С.Б.
/ 14.03.2021 / 11:44

Северна Кореја не одговори на обидите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, да воспостави неформален дипломатски контакт, пренесе Reuters, повикувајќи се на извор од американската администрација.

Отворено е прашањето каков пристап ќе има администрацијата на Бајден кон Пјонгјанг во врска со прашањата на нуклеарното оружје и балистичките ракети. Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин патува во Јапонија и Јужна Кореја, па се очекува Северна Кореја да биде една од темите.

Анонимен претставник вели дека администрацијата на Бајден неколку пати се обидела да стапи во контакт со Пјонгјанг, почнувајќи од февруари  годинава, но нема никаков одговор.

Администрацијата на Бајден досега внимателно зборуваше за односот со Северна Кореја, но најави ревизија на претходно воспоставената врска меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун.

Сепак, Трамп не успеа да го убеди Ким да се откаже од нуклеарниот арсенал.

Според претставник на актуелната американска администрација,  САД со Пјонгјанг година дена нема никакви контакти и покрај многубројните обиди.

Во текот на кампањата, Бајден го опишуваше Ким како криминалец и зборуваше дека со него ќе се сретне единствено ако овој се согласи да го укине нуклеарниот арсенал. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен засега не зборува за нови санкции кон Северна Кореја, со огледа на тоа дека досегашните санкции не дадоа резултати.

Извештајот на ОН покажа дека Северна Кореја продолжи да ја развива нуклеарната програма во текот на 2020 година и покрај меѓународните санкции, а 300 милиони долари за тоа обезбедила преку сајбер напади.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе