Ким Џонг Ун: Северна Кореја е подготвена да мобилизира нуклеарни сили

Северна Кореја е подготвена да ги мобилизира своите нуклеарни сили, соопшти Ким Џонг Ун.

За време на говорот по повод годишнината од Корејската војна, севернокорејскиот лидер рече дека земјата е целосно подготвена за секаков вид воен конфликт со САД, објави државната новинска агенција KCNA.

Седма нуклеарна проба

САД предупредија минатиот месец дека Северна Кореја ја подготвува својата седма нуклеарна проба.

Последниот ваков тест беше одржан во земјата во 2017 година. Сепак, во меѓувреме има зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров, пишува BBC.

Специјалниот претставник на САД во Северна Кореја, Сунг Ким, рече дека земјата тестирала досега невиден број проектили оваа година - 31, во споредба со 25 во 2019 година, што е рекордна година за такви тестови досега.

Во јуни, Јужна Кореја одговори на оваа ситуација и лансираше осум свои проектили.

Корејска војна

Министерот за обединување на Јужна Кореја, задолжен за меѓукорејски прашања, во вторникот рече дека постои можност за тестирање околу годишнината од примирјето, иако воен претставник рече дека нема непосредни знаци за тоа.

Северна Кореја најверојатно ќе се соочи со посилни санкции, вклучително и мерки насочени кон нејзините капацитети за сајбер напади, доколку продолжи со тестирање, изјави вчера министерот за надворешни работи на Јужна Кореја.

Иако Корејската војна (1950-1953) заврши со примирје, Северна Кореја тврди дека ги победила САД. Секоја година го слави Денот на победата со воени паради и огномет.

Во својот говор по повод настанот, Јонг-ун рече дека поради американската нуклеарна закана, Северна Кореја мора „итно да ја исполни историската цел за зајакнување на својата самоодбрана“.

„Двојниот чин на САД е буквално грабеж“

Во говорот, Ким рече дека Вашингтон продолжува со „опасни, незаконски непријателски акти“ со Јужна Кореја против Северот и се обиде да го оправда своето однесување со демонизирање на земјата.

Северна Кореја долго време ги обвинува Соединетите Американски Држави за двојни стандарди во нивните воени активности и за водење непријателска политика кон Пјонгјанг, велејќи дека го спречува продолжувањето на разговорите насочени кон ставање крај на нуклеарната и ракетната програма на земјата во замена за олеснување на санкциите.

„Двојниот чин на САД, кој ги прикажува сите рутински дејствија на нашите вооружени сили како провокација и закана додека одржуваат големи заеднички воени вежби кои сериозно ја загрозуваат нашата безбедност, е буквално грабеж“, рече Ким..

Воената програма Kill Chain

Севернокорејскиот лидер, исто така, се чинеше дека се осврнува на извештаите дека Јужна Кореја има намера да го оживее планот за спротивставување на севернокорејската нуклеарна закана со извршување превентивни напади.

Станува збор за јужнокорејската воена програма Kill Chain (смртоносен синџир), која е насочена кон откривање на заканата од лансирање ракета од Северна Кореја и преземање превентивен напад. Некои аналитичари предупредуваат дека тоа носи одредени ризици и може да предизвика трка во вооружување.

Ким Џонг Ун на прославата на Денот на победата рече дека владата и војската на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе бидат избришани доколку тој изврши превентивни напади.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе