Кина разви дрон што може да ја пробие одбраната на носачите на авиони

Кинеските научници развија иновативна „летечка“ беспилотна подморница - дрон, што би можело да биде еден од најевтините и најефикасните методи за онеспособување на одбранбениот систем на флота носачи на авиони, смета професорот Ѓи Ванфенг.

Истражувачкиот тим тврди дека развил и тестирал прототип на подморница - дрон што може да плови и лета и автономно да извршува воени и цивилни задачи како што се геодетски подводни мини. Дронот може бавно да се приближува до подводна цел и да остане на едно место значително време благодарение на неговите четири пропелери вклучувајќи ги и предните два кои можат да се навалуваат. Кога дронот ќе излезе на површината, двете крила се протегаат и му дозволуваат да лета, а овој авион може да достигне брзина од 120 км/час. Тоа значи дека е двојно побрз од типичен дрон со пропелери.

Дронот троши малку енергија додека лета, па може брзо да извршува мисии на долг дострел, рече професорот и водечки научник во проектот Анг Хаисонг. Тој додаде дека Кина развива различни видови „возила“ кои можат да летаат и пловат.

„Претежно тие се наменети за воена употреба, а некои можат да летаат со суперсонична брзина“, изјави за South China Morning Post неименуваниот истражувач, кој не е поврзан со подморницата-дрон.

Беспилотните летала кои можат да летаат и да се движат во вода се едноставен и ефикасен начин за компромитирање на одбраната на носачите на авиони. Денешните одбранбени системи можат да уништат половина од заканувачките авиони, проектили или конвенционални дронови, но новиот кинески дрон може да нурне под површината на водата кога ќе го открие радарот, а потоа да излезе на површина за да го избегне сонарот. Дури и мал број вакви беспилотни летала можат да ги преоптоварат или „збунат“ компјутерските системи на воените бродови. Доколку дронот би можел да достигне брзина од 150 км/час, би имал процент на „преживување“ по лансирање од далечина од 100 километри блиску до 100 отсто.

Овој тип на дронови можат да вршат ефективни напади врз клучните непријателски цели и секако ќе станат моќно дополнување на постоечките борбени методи и тактики на кинеската морнарица, истакна Ванфенг. Воздушното перниче во подморницата-дрон овозможува одржување на одредена длабочина без да се создава бучава од пропелерите. Елегантното тело со повлечени крила обезбедува помал отпор и поголема агилност при движење во вода.

Брановите на површината и истовремената интеракција со воздухот и водата го отежнуваат полетувањето доколку дронот полета директно од водата, а за да се реши ова, развиен е софистициран систем за контрола кој му овозможува на дронот да „лизга“ по бранови пред полетување.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе