Кинески авантурист кој се качувал по згради загинал после пад од 62 кат
26-Годишната Кинеска Youtube ѕвезда, Ву Јонгнинг, починал после пад од врв на зграда од 62 кат.
Имено, додека се обидувал да изведе акробација од кровот на зградата, изгубил контрола над рацете и паднал. Телото го пронашол чистачот на прозори, а несреќниот настан го забележала камерата која Кинезот ја поставил на соседната зграда, за да го сними својот потфат.
Смртта ја потврди неговата девојка на 8 декември, кога раскажала дека два дена подоцна тој требало да побара дозвола од нејзините родители за да ја запроси и дека со заработката од видео-снимката, која на денот на смртта сакал да ја направи, планирал на нејзините родители да им купи скапоцен поклон.