Колкава е свесноста за родово-заснованото насилство во образованието?

Во рамки на проектот „Response to anti-gender movements in North Macedonia”, поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna, реализиран од страна на Коалиција МАРГИНИ, а реализиран во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey, вчера, 6 мај, во Јавна соба се одржа Јавен форум на тема „Родово-заснованото насилство во образованието“.

Со цел започнување на јавни дискусии за подлабоко промислување на родовата нееднаквост и родово-заснованото насилство, како декадни проблеми што се провлекуваат во образованието, форумот овозможи отворање простор за искажување на различни искуства од луѓето кои работат на овие теми.

Идејата на организаторите е преку овој тип на настани да се разбере потребата од комплементарност во создавањето на образованите политики, рецепцијата на содржините од учениците и функционирањето на механизмите за справување и заштита на децата, и заеднички да се дојде до предлози за подобрување на досегашната динамика.

Првиот панел на форумот, што го модерираше Елена Петровска, програмска координаторка на Коалиција МАРГИНИ, беше на тема „Предизвиците врзани за родовата еднаквост во училиштата“, ги постави основите за една плодна понатамошна дискусија.

Катерина Колозова, научна советничка, редовна професорка и директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки, како еден од панелистите, нагласи дека низ годините, иако имало голем интерес, процесот на институционализација на родовите студии бил бавен, а интеграцијата на ваков вид на едукација била формална и во пракса главно се потпирала на граѓанскиот сектор.

„На хартија, ги прифаќаме сите, а во пракса сме ксенофобни“, рече Колозова, додавајќи дека кај нас, генерално, „сè што е ново, прогресивно се дочекува на нож, а интелектуалната фела е конзервативна во приемот“ на ваквите идеи.

Истакнувајќи дека, со исклучок на воведувањето на деветтолетката, други круцијални реформи во основното образование сме немале 20 години, а во средното ниту една, Колозова заклучи дека кога станува збор за спроведување на политиките на дело, чекорите мора да се системски и дека очекува да се наидува на отпор.

Лука Павиќевиќ, претседател на Средношколскиот сојуз, најпрво ја потенцираше непосредната ситуација – дека е единствен меѓу панелистите од машки род, а дека и на самиот настан присуствуваат вкупно тројца мажи, наспроти мнозинството жени, кога се зборува на јавен форум за родово-засновано насилство. Тој го повтори ставот на Сојузот дека бараат постепено воведување на промените, како дигитализацијата на учебниците, додека со жалење констатираше дека се води „бедна дебата на социјалните медиуми“ што според него е „ретроградна состојба“.

Павиќевиќ исто така рече дека „потрадиционалното мнозинство не ги поддржува иницијативите за родова еднаквост“, наведувајќи податоци од истражувања што покажуваат дека 50% од женските испитаници меѓу младите не знаат што е родово-засновано насилство, продолжувајќи дека загрижувачки проценти исто така не го идентификуваат, ниту го пријавуваат ваквото насилство. Претседателот на Средношколскиот Сојуз ја истакна потребата од едукација на младите од машката популација бидејќи токму тие се главно сторителите на врсничко насилство и родово-засновано насилство.

Фото: КАЈГАНА

Наведувајќи неколку препораки за поттикнување промени, како воведување нови, порелевантни наслови во задолжителните лектири, Павичевиќ исто така ја истакна потребата од системски промени, додека истовремено се поддржуваат и охрабруваат „светлите примери“ меѓу наставниот и стручниот кадар во училиштата за разбивање на стигмите и поткрепа на менталното здравје на учениците.

Панелистката од Министерството за образование и наука, Јаворка Ѓорѓиевска, соработничка за основно образование и училишен спорт, од старт нагласи дека имањето законска рамка за справување со насилство во училиштата е „голем напредок“ и веднаш укажа дека од 2020 година постои на Упатство за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување, за кое рече дека „пред сè е превенција“, имајќи предвид дека во моментов, кадарот во основните училишта „не знае како да постапи во случај на насилство“.

Превенцијата и заштитата од насилство над деца бара мултисекторски пристап и соработка меѓу релевантните сектори, кои имаат еднаква одговорност и треба активно да спроведуваат мерки за заштита и превенција од насилство. Насилството над децата и меѓу децата е комплексен проблем, за чие решавање се неопходни стручни и сензитивизирани кадри во образованието, па затоа ова Упатство е изработено со цел да им се помогне на основните училишта во примена на посистематски третман и одговор кон насилството над и меѓу децата.

Ѓорѓиевска нагласи дека „имплементацијата на промените во пракса е предизвик“, додавајќи дека е од клучно значење и да се подигне нивото на свесност и едукација и на Просветниот инспекторат кој постапува по пријавите на случаи на насилство.

Форумот продолжи со вториот панел, „Справување со и заштита од родово-заснованото насилство во училиштата“, што го модерираше Теодора Столевска, извршна директорка на МОФ, во кој беа споделени бројни индивидуални искуства, како и податоци од истражувања спроведени со млади, што разгоре здрава и плодна дискусија со панелистите и присутните.

Мери Цветковска, проектна координаторка за сексуално образование и млади во ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, сподели фрапантни статистики од истражувања што укажуваат на зголеменото ниво на стрес и анксиозност меѓу младите, особено во периодот на пандемијата, кога исто така бил зголемен и степенот на родово-базирано насилство во домот. Цветковска истакна дека ЛГБТИ младите често се жртви на насилство, особено девојчињата и девојките, додавајќи дека сајбер насилството исто така зема замав бидејќи интернетот не е безбеден простор за младите кај нас. И во случајот на сајбер насилство, девојките се пак почесто жртвите, а момчињата сторителите.

Таа нагласи дека според нејзиното искуство, училишниот кадар и полицијата не препознаваат и не уважуваат родово-засновано насилство врз жените и поентираше дека единствен начин за и самите млади да го препознаат ваквото насилство е сеопфатното сексуално образование (ССО). Цветковска сподели дека забележале драстични разлики по спроведувањето на пилот-програмата за ССО, истакнувајќи го значително подобрениот успех на учениците во овие паралелки. Таа наведе дека над 90% од децата, особено машките, имале зголемено ниво на знаење за родово-заснованото насилство, а кај девојчињата бил зголемен интересот за информирање.

Фросина Ивановска, психолог во Женскиот центар за поддршка – Скопје на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, го почна излагањето со констатацијата дека жената жртва на родово-базирано насилство се става во ризик ако не било идентификувано и санкционирано насилството како такво.

„Тешко се менуваат уверувањата. Се зацврстуваат впечатоците дека самите (жртвите) направиле нешто погрешно, што се одразува на идните релации на лицето, особено партнерските“, вели Ивановска и додава дека е многу важно како е организирана поддршката за овие жртви и каков ќе биде односот на моќ.

Исто така, кога станува збор за насилство меѓу младите, многу е важно точно да се именуваат нештата, кога не станува збор за расправија или несогласување, туку форма на насилство.

„Процес е да се види и да се излезе од насилството“, вели Ивановска, нагласувајќи дека процесот е потежок со девојки кои се соочуваат со повеќе ризик-фактори.

Фото: КАЈГАНА

Светол пример меѓу стручниот кадар кога станува збор за поддршка на младите е Гордана Блажеска Спиридонова, психолог во гимназијата „Никола Карев“, долгогодишна соработничка вклучена во Програмата за мировно образование на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши. Таа веднаш побрза да нагласи дека кај нас „секогаш затајува практичната примена“ на законите и мерките.

„Појма немаме, ни психолозите, ни родителите, што се случува со децата. Кај родителите има страв дека ако пријават несоодветно однесување, тоа ќе се остави последици и ќе се одрази негативно на академскиот успех на детето“, рече таа, додавајќи дека како постои отпор кај колективот кој поединци професионалци кои ги туркаат ваквите напори.

Блажеска Спиридонова сподели лични искуства и резултати од интерни неформални анкети со учениците, кои сведочат за зголемена анксиозност и панични напади кај децата, и основно непознавање на формите на насилство.

„Кодексот на молк е страшно распространет меѓу младите“, вели таа, особено кога станува збор за насилство во партнерските односи, каде сексуалното насилство понекогаш доаѓа пред сексуалната подготвеност.

Кај родителите и наставниците поразително ниско е нивото на препознавање на различните родови идентификации и сексуални ориентации.

„Се чувствуваат вредносно предизвикано“, вели психологот која важи за професионалец чија врата е секогаш отворена за децата.

„Ние, инспирираните поединци сме сметани за негативци“, вели Блажеска Спиридонова и додава дека „сме во состојба на системско негирање“.

Ана Попризова, психотерапевт и супервизор по гешталд психотерапија на Институтот „Синергија“ и психолог во гимназијата „Орце Николов“, се надоврзува дека наставниот кадар не препознава родово-засновано насилство и често учествува во етикетирањето.

Нејзините интерни анкети со учениците покажуваат 40% од младите не препознаваат што е контролирачка релација во партнерските односи.

Според неа, формата и методите за заштита и превенција на младите од насилство низ годините се менувале, но едно останува исто: Поддршка!

Попризова, која исто така важи за психолог „со отворена врата“, ја потенцира потребата од безбеден простор во кој младите ќе можат да пристапат со проблем и каде ќе знаат дека ќе бидат слушнати и заштитени.

„Колку е нашиот училиштен простор безбеден простор? Немаме услови за гаранирано безбеден простор каде детето ќе се чувствува сигурно“, вели Попризова, надоврзувајќи се на коментарот на Блажеска Спиридонова дека стручните служби најчесто работат делејќи една канцеларија.

„Мора да се задоволат елементарните услови за приватност. Местото за директен контакт со учениците е клучно за поддршка и помош.“

„Мора да ѝ се помогне на стручната служба да им помага на децата. Оптоварени сме и со административна работа“, додава Блажеска Спиридонова.

На прашањето како да им се помогне на учениците кои ќе побараат помош, особено младите во ризик, панелистите имаа обединет став: превенцијата и едукацијата се клучни за справување со проблемот на родово-засновано насилство. Едукација и превенција кај децата преку ССО, а наставниците и стручниот кадар, како и инспекторите на Просветниот инспекторат, да се доедуцираат, сензитивизираат и обучат како да им помогнат на децата. Едукацијата и на родителите е важна, особено во случаите во кои жртвата е потребно да биде упатена да добие советување и психолошка помош надвор од училиштето, за што е потребна родителска согласност.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе