Колку чинат деловите за поправка на iPhone 15?

Apple пред седум дена ја претстави серијата iPhone 15, а американската компанија сега ги објави и цените за поправка на моделите од оваа серија.

Замената на задниот дел на моделите iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max ќе чини значително помалку отколку замена на истата компонента во претходникот. Ќе чини 170 долари за Pro моделот или 200 долари за Pro Max. Потсетуваме дека цените за замена на стаклената обвивка на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro се 500 долари, односно 550 долари.

Кај обичните модели, замена на стаклото на iPhone 15 ќе чини 170 долари, додека истата работа на iPhone 15 Plus ќе чини 200 долари. Ова се идентични цени со минатогодишните модели на iPhone 14 и iPhone 14 Plus.

Замената на батериите за сите модели е 99 долари.

Замената на системот на задната камера за iPhone 15 Pro Max чини 249 долари, а iPhone 15 Pro чини 219 долари. Истата зделка за iPhone 15 и iPhone Plus е по цена од 169 долари.

Замената на предното стакло за iPhone 15 Pro Max чини 379 долари. Ако го оштетите предното стакло на вашиот iPhone 15 Pro и сакате да го замените, тоа ќе ве чини 329 долари. Истото чини и замена на предното стакло за iPhone 15 Plus, додека цената за iPhone 15 е 279 долари.

Целосната замена на предната и задната страна за iPhone 15 Pro Max чини 499 долари, исто како и iPhone 15 Plus. За iPhone 15 Pro целосната замена е 429 долари, додека за обичниот iPhone 15 цената е 399 долари.

Имајте предвид дека ова се цени за корисници кои не се регстрирани во програмата AppleCare+.

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Мобилни

Не се 3310, но тешко ќе ги скршите: Nokia има два нови телефони

Read more

Google го исмеа iPhone во рекламата за Pixel 8

Read more

iPhone 15 се прегрева, дали Apple „штеди“ на делови?

Read more

Зошто Европејците поскапо плаќаат за iPhone од Американците?

Read more
 

Гик

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Читај повеќе

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Читај повеќе

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Читај повеќе
  • filter

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Читај повеќе
  • play_arrow

Роверот Perseverance сними вител од прав на Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонија произведе робот висок 4,5 метри, чини 3 милиони долари

Читај повеќе

Вино старо 5.000 години пронајдено во кралска гробница во Египет

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно истражување откри која песна е најрелаксирачка

Читај повеќе