Конте удри по играчите и клубот, сега е пред отказ

Антонио Конте удри по своите играчи откако Тотенхем ремизираше со последнопласираниот Саутемптон во Премиер лигата.

Беше бесен по киксот во кој неговиот тим загуби со 1:3 и одигра 3:3, се нафрли на играчите, но и на клубот, па му претстои отказ. Веќе е познато која е првата желба на клубот за неговата функција.

„Гледам себични играчи, гледам играчи кои не сакаат да си помагаат и не играат со срце. Пред натпреварот ја криев таа ситуација, сакав да разговарам со играчите приватно за да се обидам да ги подигнам, но сега морам да кажам дека овој тим нема волја и желба да постигне успех. Тоа треба да го покаже во секој момент. Секој од нив“, изјави Конте по кобното реми и додаде:

„Клубот има одговорност за она што го прави на пазарот на играчи. Секој тренер кој работел овде има одговорност за резултатот. А играчите? Што е со играчите? Каде се играчите? Имаме 11 играчи кои играат за себе, каде е нивната одговорност?"

Конте: Тоа е приказната на Тотенхем

„Ние сме професионалци. Клубот ни плаќа големи плати. Тие заработуваат пари, јас заработувам пари за оваа работа, разбирате? Не се платени за да бараат изговори, да не покажуваат желба и да немаат одговорност. За мене ова е неприфатливо затоа што првпат во кариерата се наоѓам во ваква ситуација“, продолжи тој, па удри и по клубот:

„Играчите се навикнати на оваа ситуација. Тие не играат за ништо важно. Тие не сакаат да играат под притисок, не сакаат да играат под стрес, вака им е полесно. Тоа е приказната за Тотенхем. 20 години го имаат овој сопственик и никогаш не освоиле ништо. Зошто? Дали е виновен клубот и секој тренер што работел таму? Ги видов тренерите кои Тотенхем ги имаше на клупата, очигледно дека не се.

Молчев до сега, но веќе нема да молчам. Ова не е фер кон нашите навивачи, ова што го одигравме денеска е неприфатливо. Овие луѓе нè следат, купуваат билети за да го видат тимот и потоа го добиваат ова. Мораме многу внимателно да размислиме за тоа“.

Наследник ќе биде Глазнер?

Англиските медиуми пишуваат дека Конте после се е подготвен да добие отказ и дека клубот ќе му врачи отказ оваа недела. Се знае и кој треба да го замени.

Според германските медиуми, тоа би требало да биде Оливер Глазнер, тренерот кој минатата година го предводеше Ајнтрахт до титулата во Лига Европа.

Австрискиот стручњак се споменуваше и како еден од кандидатите за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе