Корисни за срце и имунитет: Зошто треба секој ден да јадете јаткасти плодови?

Истражувањата покажаа дека секојдневното консумирање јаткасти плодови помага кај одредени здравствени проблеми. Јаткастите плодови се богати со најразлични хранливи состојки, корисни за човечкиот организам.

Количината на тие хранливи вредности варира во зависност до самиот плод, па со самото тоа се корисни во превенција на различни состојби. Така, јаткастите плодови се покажаа како корисни во борбата против холестерол и триглицериди.

Овие намирници исто така се одличен сојузник кога станува збор за дијабетес тип 2, но исто така јаткасти плодови особено треба да консумираат луѓе кои имаат проблеми со срцето.

Бадеми

Бадемите се богати со витамин Е, моќен антиоксиданс кој влијае на намалувањето на ризикот од рак. Според досегашните истражувања, помагаат и при проблеми со срцето и дигестивните органи.

Ореви

Одличен извор на бакар, неопходен за нашето тело при производство на енергија и синтеза на невротрансмитери. Истражувањата покажаа дека го намалуваат ризикот од срцев удар и помагаат во регулирање на холестерол и триглицериди во организмот.

Кикирики

Благодарение на високото ниво на монозаситени и полизаситени масти, кикириките можат да го одржат срцето здраво. Олеинската киселина кај кикириките може во крвта да го намали лошиот холестерол и да го зголеми добриот. Добри се во превенција на мозочен удар и коронарни болести.

Лешници

Влијаат поволно на комплетниот кардиоваскуларен систем. Експертите советуваат да се консумира во свежа состојба. Според зборовите на многу нутриционисти, пожелно е умерено внесување лешници, до 30 г на дневно ниво. Лешниците се одлична замена за „грицки“, даваат доволно енергија и ако се внесуваат во умерена количина, не влијаат на вишокот килограми.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе