Ковачевски: Јас да се најдам на листата на САД, не само што ќе дадам оставка, туку тоа ќе го сметам за најголем пораз

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека ако тој бил ставен на црната листа на САД, не само што ќе дал оставка, туку и ќе го сметал за најголем пораз. Оваа изјава доаѓа откако беше прашан дали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко треба да се повлече од функцијата што ја извршува.

„Јас да се најдам на листата на САД, не само што ќе дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски.

Ја повика Општина Струга да соработува со органите кои го испитуваат работењето на Мерко.

„Јас сум единствен кој одговара на ова прашање. Можеби и на други места треба да прашате за мислења. Јас го прочитав соопштението на Стејт департментот. Тоа потврдува дека САД се стратешки партнер. Самото соопштение во себе содржи основи за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга, кои се многу сериозни. Несфатливо е како САД кои се на оддалеченост од 8.000 километри од овде да имаат информации што се случувало во нашата држава, а нашите институции, од истражните и правосудните органи, тие информации да ги немаат. Општина Струга треба да биде отворена за споделување на сите информации до надлежните органи и тие да бидат ефикасни“, додаде Ковачевски.

Посочи дека и советниците во Струга треба да размислат како ќе постапат.

„Избран функционер сам треба добро да размисли, заедно со сите советници, бидејќи Мерко во својата кариера бил дел од ВМРО-ДПМНЕ. Сите советнички групи треба да се погледнат што ќе прават во иднина со градоначалникот, бидејќи се избрани да ги унапредуваат правата на граѓаните“, кажа Ковачевски.

Remote video URL

Мерко од пред три дена е на црната листа на САД, кои тврдат дека имаат докази дека е вмешан во корупција, влијаел во судски предмети, присвојувал средства.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе