Кралицата Елизабета не навива за Вест Хем, нејзиното срце чука за друг лондонски гигант

Британските медиуми изминативе денови пишуваа за тоа дека кралицата Елизабета II навива за Вест Хем, но тоа не е точно, ако им се верува на нејзините блиски.

Како и на сите во Обединетото Кралство, фудбалот е составен дел од животот и на кралското семејство. Отсекогаш било актуелно прашањето за кого се навива во Бакингемската палата, а ситуацијата е таква што омилениот клуб варира од личност до личност.

Иако некои медиуми во Британија објавија дека кралицата Елизабета тајно го бодри Вест Хем, тоа сепак не е точно.

Членот на лабуристите Џереми Корбин откри дека кралицата Елизабета всушност е голем фан на Арсенал.

Корбин, кој го претставува Норт Ислингтон од 1983 година, откри дека кралицата Елизабета избрала да биде крунисана во 1953 година во срцето на територијата на Арсенал во Апер Стрит. Таа исто така требаше да го отвори стадионот „Емирејтс“ во 2006 година, но мораше да откаже поради повреда на грбот.

Дека кралицата Елизабета е навивачка на Арсенал потврди и поранешниот фудбалер на „Топчиите“, Сеск Фабрегас. Прославениот Шпанец дури потврди дека кралицата тоа сама го открила.

„Кралицата изгледа дека е голем љубител на фудбалот и ни кажа дека е навивач на Арсенал. Изгледа веднаш знаеше кој сум јас и разменивме неколку посебни зборови“, рече Фабрегас за приемот организиран за тимот од Северен Лондон во 2007 година.

Да потсетиме, 95-годишната кралица е позитивна на коронавирусот веќе неколку дена, но се очекува да продолжи да извршува полесни обврски подоцна во текот на неделата.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе