НБА 2023/2024

Леброн ја мина бројката од 39.000 поени во НБА: Кога ќе стигне до 40.000?

Маестралниот Леброн Џејмс ноќеска стигна до нереалната бројка од 39.000 постигнати поени во најдобрата кошаркарска лига во светот.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на својот терен против Јута Џез со 131:99, а Леброн 39.000-тиот поен во НБА го постигна веќе во првата четвртина.

Леброн пред овој натпревар имаше 38.995 поени на своето конто, а пет минути по двојка постигна тројка и стана првиот играч во историјата на НБА кој достигнал 39.000 поени.

Леброн натпреварот го заврши со 17 поени, па сега има 39.012 поени во кариерата и нема намера да застане.

Со оглед на формата во која се наоѓа, сите се прашуваат кога Леброн ќе ја достигне магичната граница од 40.000 поени, а до овој јубилеј сезонава не би стигнал само ако тешко се повреди.

На Леброн му требаат само 982 поена за да ја достигне магичната граница или 14,7 поени во просек во преостанатите 67 натпревари оваа сезона.

Сепак, со оглед на тоа дека е нереално човек кој во декември ќе наполни 40 години да ги одигра сите натпревари до крајот на сезоната, ги анализиравме најреалните сценарија кога Леброн би ги постигна своите 40.000 поени во НБА.

URL

Ако одигра уште 55 од можни 67 натпревари, во просек му требаат 17,9 поени, а ако одигра уште 50, ќе му требаат 19,6 поени во просек по натпревар.

Леброн минатата сезона одигра вкупно 55 натпревари во НБА лигата, а ако е така и овој пат, значи дека ќе го гледаме на теренот уште 41 пат, а потоа треба да постигнува во просек по 24 поени по натпревар за да дојде до 40.000 поени.

Она што е особено интересно е дека Леброн ќе достигне 40.000 поени по уште само 38 натпревари доколку остане на сегашниот просек од 25,7 поени по натпревар.

реклама

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе