Американското спортско списание Sports Illustrated по рекорден трет пат го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годината.
Кошаркарот на Лејкерс стана првиот спортист што ја добил оваа награда по трет пат.
Претходно, Леброн беше избран за спортист на годината во 2012 и 2016 година.
Џејмс минатата сезона ја освои четвртата титула во НБА лигата. Претходно има освоено шампионски титули со Мајами (2012, 2013) и Кливленд (2016).
Сезоната 2019/20 Џејмс ја заврши со просек од 25,3 поени, 7,8 скока, 10,2 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар.