Леброн во јануари би можел да стане најдобар стрелец на сите времиња

Леброн Џејмс најверојатно во претстојната сезона 2022/2023 ќе стане најдобар стрелец на сите времиња во НБА лигата.

Во овој момент најдобар стрелец во историјата на НБА е живата легенда на Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс, Карим Абдул-Џабар.

Тој има постигнато 38.337 поени на 1.560 натпревари, а веднаш зад него е асот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој досега постигна 37.062 поени на 1.366 одиграни натпревари.

Според некои прогнози, Леброн Џејмс се очекува да го престигне Карим на врвот на вечната листа на стрелци во НБА веќе претстојнава зима.

Оптималниот период е помеѓу 28 јануари (против Бостон Селтикс) и 15 февруари (против Њу Орлеанс Пеликанс) кога Леброн би можел да се искачи на тронот и да стане играч со најмногу поени. Нормално, потоа само би го зголемувал своето конто со поени.

Леброн ќе наполни 38 години на 30 декември. Во НБА игра од 2003 година кога почна во Кливленд Кавалирс, од 2010 до 2014 ги бранеше боите на Мајами Хит, потоа 4 години повторно настапуваше за Кливленд, а од 2018 е дел од Лејкерс. Има 4 титули шампион на НБА (2012, 2013, 2016 и 2020), а истите години беше на МВП на финалињата.

Претстојнава 2022/2023 сезона ќе му биде јубилејна 20-та во НБА. Карим Абдул-Џабар рекордот го постигна играјќи токму 20 сезони во НБА, од 1969 до 1989 година за Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс, а освои 6 титули (1971, 1980, 1982, 1985, 1987 и 1988).

Карим Абдул-Џабар
реклама

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе