Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја поднесе Иницијативата за референдум до Државната изборна комисија.

Политичката партија Левица денес до Државната изборна комисија поднесе предлог за покренување граѓанска инцијатива на државно ниво, за распишување на задолжителен дополнителен референдум на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“.

– Сметаме дека народот мора да го има последниот збор кога станува збор за прашања од национален интерес и очекуваме да немаме проблеми како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме да немаме проблеми, бидејќи иницијативата е правно коректно напишана согласно член 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, изјави лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Тој очекува до крајот на неделата да бидат собрани законски минимум потписи.

– Ги повикуваме и граѓаните, бидејќи во 30 општини предложивме да се собираат потписи. Ќе ја користиме инфраструктурата на Левица, бидејќи законот не дозволува правно лице, јас како физичко лице прво потпишан, ќе бидам официјално овластен предлагач на иницијативата, и очекуваме веќе следната недела да ја пуштиме во собраниска процедура каде што би дошла на оние собраниски филтри, без Џафери да изигрува уставен судија. 150 илјади потписи, согласно нашиот закон треба да се соберат во рок од 90 дена, и после бирократските бариери се надеваме дека тие ќе бидат брзо собрани некаде до крајот на оваа календарска година, рече Апасиев.

Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на Левица истакна дека очекуваат поддршка од сите опозициски партии. Доколку е потребно, вели Апасиев, би седнале и официјално би разговарале со партиите.

Појаснувајќи ја доставената иницијатива, Апасиев посочи дека истата се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.

– Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот“ предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на антиЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ, рече Апасиев.

Левица најавува целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и оваа Иницијатива.

Иницијативата на Левица за референдум ќе ја поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, порача претходно и лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Најмалку сто потписи се потребни за да може Иницијативата да се достави и во Парламентот.

Претходно, иницијативата за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија што ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на 9 септември беше отфрлена од страна на Џафери со образложение дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе