Ловрен со емотивно писмо се збогува од хрватската репрезентација

Дејан Ловрен се повлече од репрезентацијата на Хрватска. Долгогодишниот стопер на хрватската репрезентација со емотивно писмо се прости од „огнените“, откако за својата одлука ги извести тренерот Златко Далиќ и претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз Маријан Кустиќ.

Ловрен (33) се прости од репрезентацијата со 78 настапи и пет гола и како освојувач на два медали од светските првенства - сребро во Русија и бронза во Катар. Прошталното писмо на Ловрен го пренесуваме во целост и без интервенции.

„Почитувани репрезентативци, драги верни навивачи,

Би сакал да ви се обратам со една не многу среќна вест, но верувајте, оваа одлука ја донесов со отворено срце и по долго размислување. Ова ми е доста тешко и додека го пишувам се трудам да не плачам, но вие веќе добро ме познавате како личност со срце и нескриени емоции.

Дојде денот кога треба да се збогувам со хрватската репрезентација, иако сè уште се гледам себеси како жесток навивач кој секогаш ќе ја бодри својата репрезентација.

Како дете сонував дека ќе играм на големи турнири, во тој најубав дрес со шаховница. Првпат ги носев црвено-белите квадрати кога имав девет години и никогаш нема да го заборавам тоа посебно чувство - како да ја носам наметката на Супермен. Се чувствував моќно, самоуверено, бестрашно, исто како мојот херој Супермен.

Неописливо.

Засекогаш ќе го паметам 8 октомври 2009 година како официјално деби за мојата татковина.

Ги поминав сите младински селекции, но секогаш сакав да го почувствувам тој врв на пирамидата, а тоа е А репрезентацијата. Ова е местото каде што всушност можев да ги покажам моите вистински вештини на целиот свет.

Искрено, на почетокот очекував повеќе од себе. Неколку пати бев разочаран од моите настапи, мислев дека можам да дадам многу повеќе, но некои работи едноставно не се поклопуваа. Да бидам целосно искрен, еднаш дури размислував да ве оставам предвреме. Зае*и, младост-лудост, немав многу трпение со себе. Се надевам дека не ми замерувате, бидејќи на крајот го послушав срцето и продолжив, најмногу поради вас, драги навивачи.

Сакам да им порачам на сите млади фудбалери дека на хрватската репрезентација треба да гледате поинаку од сè друго - гледајте ги како ваши суперхерои.

За мене најубавата страна на оваа репрезентативна приказна е сето она што го постигнавме во изминатите пет години. Да бидам искрен, сè уште ми е како голем сон. Толку многу емоции поминаа низ мене, особено во 2018 и 2022 година, што е тешко да се опишат. Живеев за такви моменти и ги доживував со најголема гордост. Никогаш нема да ги заборавам, ќе ги носам засекогаш во моето срце.

Сакам да им се заблагодарам на сите селектори за соработката, почнувајќи од мојот прв, Славен Билиќ, па преку Игор Штимац, Нико Ковач и Анте Чачиќ до Златко Далиќ. Секој од вас остави нешто зад себе и засекогаш ќе ви бидам благодарен затоа што научив многу од секој од вас.

Би сакал да им се заблагодарам на сите поранешни и сегашни соиграчи за прекрасното и незаборавно патување. Имавме подеми и падови, се смеевме и плачевме заедно и ќе ве имам сите во моето срце засекогаш. Сум играл со некои од вас повеќе од 10 години заедно. Ве доживувам како мои браќа, бевте тука за мене кога навистина ми беше тешко. Ви благодарам многу.

Благодарност до сите луѓе зад сцената кои се таму од првиот ден. Не можам да ги именувам сите по редослед, но добро знаеме кои се овие луѓе. Вие сте јадрото на оваа репрезентација, не сте во насловите и можеби не добивате премногу внимание, но верувајте - без вас ние сме никој и ништо.

За крај, би сакал само да кажам дека од сега па натаму имате еден нов навивач. Како и досега, стоиме еден до друг, бидејќи нашето единство е од непроценливо значење за хрватската репрезентација, тоа е нашата најголема сила.

Ви благодарам од сè срце,

ваш Дејан.“

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе