Мајката на Мицкоски е позитивна на короновирус

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во Струмица информираше дека неговата мајка е позитивна на вирусот COVID-19, потенцирајќи дека тин не се видел со неа  подолг период имајќи го предвид ризикот на кој еизложен поради секојденвните средби и разговори.

– Мајка ми е позитивна. Точно е, веќе неколку дена, ние се немаме видено. Направено е епидемиолошко интервју со нејзе. Луѓето кои биле во нејзина близина ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој секојдневно сум изложен, бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам. За жал, точно е, таа веќе неколку дена, би рекол пет-шест дена е во домашни услови. Ѝ посакувам добро здравје. Ете и кај нас во семејството, за жал, ја почувствувавме директно ова пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ни сме тука да и ги олесниме деновите што идат во борбата против овој вирус, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање дали е точна информацијата дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот при денешната посета на Струмица.

Додаде дека им посакува на сите граѓани многу здравје и да се чуваат, бидејќи, како што рече, тој како некои други политичари нема така лесно да ја реалативизирал таа работа, бидејќи вирусот е сериозен.

– Имајќи ја предвид неспособноста на Владата, имајќи ја предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија и таа на дневна основа е се повеќе присутна меѓу нас. Но, и тоа е уште еден мотив повеќе за мене да излезам до 15 јули и да разговарам што е можно со повеќе сограѓани, да ги убедам на 15 јули да ја поразат оваа неспособна власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе