Мајстории од општинска лига: Од корнер како Шаќири, од слободен како Карлос, а и тепачка

Филип Здравески
/ 10.10.2023 / 20:22

Во општинската лига на Кисела Вода во неделата се одигра 2. коло, а еден натпревар се пофали со изобилство на убави погодоци, оној меѓу домашниот Зелениково и Слободен од скопски Аеродром.

Израмнувачкиот гол; Фото: Ангел Костоски/ФК Слободен Аеродром

Домаќините први се покажаа на дело кога по само три минути игра нивниот капитен мајсторски направи слалом, дриблинг и го отвори резултатот.

Потоа гостите сепак брзо израмнија со удар со глава по нафрлување од корнер.

До следниот гол се чекаше по еден час игра. Во меѓувреме, мешаница, мала тепачка, два црвени картони. А помина и по некој воз на блиската пруга. Вистински натпревар од општинска лига.

До крајот гостите распалија со целиот свој арсенал по домашниот гол. Прво гол директно од корнер а ла Артим Шаќири против Дејвид Симан. Брзо потоа мала мајсторија и гол за 1:3. Следуваше фаул на домашниот голман во казнениот простор и успешно раелизиран пенал на гостите за 1:4. Интересно е што на смимката се гледа како голманот го покосува играчот, а потоа на судијата му вели: „Не го допрев“.

Потоа нов фаул на домашниот голман, овој пат страшен, кога стрелецот на голот од корнер го изваде од игра со мајагери старт надвор од шестнаесетникот. Судијата - очигледно исплашен да не јаде ќотек - не го исклучи. Арно ама, слободниот удар гостинскиот капитен го изведе масторски и во стилот на Роберто Карлос му ја смести под пречка на голманот.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе