Барселона го победи Реал Сосиедад со 1:0 во четвртфиналето на Купот на кралот и се пласираше во полуфиналето. Стрелец на единствениот гол беше Усман Дембеле во 52. минута.
Првото полувреме заврши без голови, но гостите во 40. минута беа со играч помалку. Мендес заработи директен црвен картон поради груб фаул. Прво судијата му покажа жолт картон, но ВАР-собата го повика да ја прегледа снимката. После тоа тој ја промени одлуката и му покажа црвен картон на играчот на Сосиедад.
На почетокот на вториот дел Дембеле постигна прекрасен гол по соло акција за победа и додавање.
Во четврток се игра големо градско дерби во четвртфиналето на Купот, Реал ќе бара премин на домашен терен против Атлетико.