Македонија со убедлива победа над Јапонија во првиот дуел на СП

Берлин, 11 јануари 2019 (МИА) – Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа над Јапонија со 38-29 (18-13) во првиот натпревар од групата „Б“ за „жолто-црвените“ на Светското првенство, кое се игра во Германија и Данска.

Избраниците на Раул Гонзалез ја потврдија фаворитската улога и одиграа добар натпревар во Берлин. Откако заостанувавме во резултатот во првите неколку минути (4-3), ја презедовме контролата над играта, а во 17 минута дојдовме и до највисоки +5 (5-10). Во нападот немавме проблеми со реализацијата и забележавме сигурен триумф.

Оваа победа беше задолжителна за нашите ракометари, кои бркаат пласман во следната фаза на натпреварувањето како една од трите најдобропласирани репрезентации во групата.

Најпрецизен во нашиот состав беше Лазаров со 8 голови, додека Манасков го следеше со 7. Борко Ристовски беше одличен на голот со 20 одбрани. Кај поразениот тим, Ваканабе и Шида реализираа по четири гола.

За играч на натпреварот беше прогласен Стојанче Стоилов, кој реализираше 7 гола.

Во нашата група подоцна играат Исланд – Хрватска (18 часот) и Шпанија – Бахреин (20:30).

Следен меч за нашата репрезентација е во недела од 14 часот со Бахреин.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе