ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Манчини сонувал како Италија станува светски шампион со пенал на Жоржињо против Бразил

Возбудлив сон неодамна имал италијанскиот селектор чија репрезентација допрва треба да се квалификува на Мундијалот.

Роберто Манчини откри дека сонувал како Италија го победила Бразл во финалето од Светското првемство кое во ноември и декември годинава ќе се одржи во Катар и тоа благодарение на реализиран пенал на Жоржињо.

Ѕвездата на Челси е главниот виновник што Италија не е веќе квалификувана на Мундијалот откако ги промаши последните три пенали од кои два против Швајцарија, конкурентот кој ѝ го зема првото место на Италија во групата и ја прати во бараж.

Remote video URL

Токму во баражот Италија игра со Македонија на 24 март, а доколку победи потоа за место во Катар ќе се бори со подобриот од дуелот на Португалија и Турција.

„Сонував дека сме победиле во финале против Бразил и тоа со пенал на Жоржињо“, откри селекторот на „Аѕурите“.

Интересно, Жоржињо е всушност од Бразил, но со италијанско потекло по таткова страна (неговиот предок Џакомо Фрело имигрирал во Бразил).

„Видов дека реализираше два пенала против Астон Вила, како и 6 по ред после утката со Швајцарија. Не сум лут. Тој нѐ донесе до финалето против Англија. Можеби и ова финале ќе го освоиме со негов пенал. Кој знае...“, вели Манчини во интервју за Sportweek.

реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе