Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане е позитивен на COVID-19 и e во домашен карантин.
– Мане покажа некои симптоми на болеста, но генерално се чувствува добро, изјавија од Ливерпул.
Крилниот напаѓач погоди за успехот на тимот од Мерсисајд со 3: 1 над Арсенал во понеделникот, но поради неговиот позитивен тест за коронавирус тој ќе го пропушти неделното гостување кај Астон Вила.