Маж почина по тепачка меѓу навивачи на Блекпул и Барнли

Маж на возраст од 55 години почина денеска во болница во која бил пренесен во саботата, откако физички бил нападнат во масовна пресметка меѓу фудбалски навивачи во градот Блекпул, јавија британските медиуми.

Инцидентот се случил во саботата пред паб во Блекпул по завршување на натпреварот од англиската Чемпионшип лига меѓу домашната екипа и Барнли, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Навивачот на Блекпул, Тони Џонсон, во тепачката се здобил со тешки повреди на главата и бил пренесен во локалната болница, каде и покрај сите напори на лекарите починал.

Полицијата соопшти дека привела 33-годишен маж, за кого се сомнева дека му нанел тешки повреди на Џонсон, и ги повика сите сведоци на инцидентот да се јават во полициска станица.

„Инцидентот се случил на прометно место и знаеме дека во тоа време имало многу луѓе кои виделе сè или дел од тоа што се случило“, соопшти полицијата.

Блекпул и Барнли најостро го осудија инцидентот и изразија длабоко жалење поради смртта на фудбалскиот навивач.

URL

Натпреварот меѓу Блекпул и Барнли заврши без голови. Чурлинов не беше во тимот за овој натпревар. Барнли води на табелата и е најголем кандидат за пласман во Премиер лигата, додека Блекпул е во зоната за испаѓање.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе