Мицкоски до Груевски: Жалам што се одлучи да правиш јавна пародија, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса

По јавните преписки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и поранешниот претседател на оваа партија Никола Груевски, Мицкоски повторно со порака до својот претходник.

„Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам“, му пишува Мицкоски.

Му порачува дека нема потреба од дијалог преку медиуми.

„Но, бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:
Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи в очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш“, вели Мицкоски.

„Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане сѐ подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да за спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која сѐ повеќе тоне во криминал, каде сѐ оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот нѐ бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018 та, ова е друго време“, му порачува Мицкоски на Груевски.

„Како велеше, 'вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе', а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно“, пишува Мицкоски.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе