Microsoft Edge попопуларен од Firefox: Дали го користите и вие?

Никогаш не го потценувајте противникот.

На почетокот на оваа година се случи нешто прилично чудно. Долго време, Google Chrome и Mozilla Firefox беа непобедливи на пазарот, убедливо заземајќи ги првите две места пред другите интернет прелистувачи. И тогаш Microsoft Edge се прикраде и го зазеде вицешампионското место.

Тогаш сè уште не можевме со сигурност да кажеме дали Microsoft Edge ќе ја задржи својата позиција. Можеби зголемувањето на бројот на корисници се должеше на фактот дека многумина беа љубопитни, па планираа подоцна да се вратат на Chrome или Firefox.

Се покажа дека не е така.

Во последните неколку месеци, Edge одржува солидна предност на пазарот од околу 1,5% повеќе корисници, но во октомври бројот скоро двојно се зголеми, па сега околу 3% повеќе луѓе користат Edge отколку Firefox, според аналитичката фирма Net Market Share.

Од каде овој успех?

Долго време, сите прелистувачи на Microsoft беа инфериорни во однос на Chrome и Firefox. Сепак, Edge, кој инаку работи на платформата Chromium, успеа да се „престрои во другата лента“ и да го престигне Firefox главно благодарение на ажурирањата кои значително ја подобруваат секоја верзија.

Да бидеме најискрени, Microsoft исто така играше голема улога во тоа, бидејќи се обидува на различни начини да привлече нови корисници, ставајќи го Edge како стандарден прелистувач за Windows и постојано сугерирајќи го, ако не е. Интересен факт е дека Edge е оптимизиран за Linux.

Секако, нè интересира и вашето мислење. Дали користите Microsoft Edge и каков ви се чини? Пишете ни во коментарите.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Интернет

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Read more

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Read more

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Read more

Рекламите стигнаа и на Gmail

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе