Милевски и Ристовски: Финска и Азербејџан како генерална проба за ЕУРО квалификациите

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, заедно со капитенот Стефан Ристовски на официјална прес-конференција зборуваа за очекувањата од натпреварот против Финска кој ќе го одиграме утре на „Тодор Проески“ стадионот во Скопје. 

Фото: ФФМ

„Лигата на нации е зад нас. Сега нѐ очекуваат два натпревара против Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако дека ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција за сето она што нѐ очекува на квалификациските натпревари. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, Финска е супер тим, неслучајно се во вториот барабан за групите од квалификациите за ЕУРО. Натпреварот ќе ни покаже или ќе ни даде насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што нѐ очекува и во квалификациската група. Знаете дека имаме квалитетна група и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници“, изјави селекторот Милевски.

„Ќе има некои промени, особено што последните натпревари ни дадоа некои насоки, посебно дека треба да се подобриме во реализацијата. На тој момент не бев задоволен се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент“, додаде.

„Дали чувствуваме замор од сезоната? Да, особено јас во Динамо имав многу натпревари почнувајќи од јуни. Но, можеби за некои играчи кои имаат слаба минутажа ќе дојде добро. Не треба да бараме алиби, треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост. Овие два натпревара треба да ги одработиме на најпрофесионален начин и верувам дека тоа ќе го направиме“, рече капитенот Ристовски.

„Приоритет на секој играч е да победи, особено кога се игра за репрезентацијата. Не познавам некој играч кои сака само да впише минутажа. Без разлика на минатите резултати, секој натпревар ни е добредојден и низ вакви натпревари да се крене самодовербата. Многу е лесно да се изгуби самодоверба, но тешко е да ја добиеш. Затоа се потребни вакви натпревари“, дополни тој.

Македонија против Финска игра утре од 18 часот, додека против Азербејџан в недела од 14:00. Картите за двата натпревара се во продажба од понеделникот преку продажната мрежа на MKTickets и чинат 150 денари за блоковите на Југ и Север, освен за блок 3 и 4 на Југ кои се по 200. Онлајн продажба не е достапна за овие натпревари.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе