Младите ракометари ремизираа со Португалија

Младата македонска ракометна репрезентација одигра нерешено со Португалија 21:21 (9:14) во натпреварот од второто коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Алжир.

Во пресрет на решавачкото последно коло, овие две селекции имаат по три бода, а Португалците имаат подобра гол разлика.

Македонските ракометни надежи, за разлика од првиот меч со Полска, против Португалија одиграа со многу осцилации, особено во првото полувреме кое противникот го заврши со предност од пет гола.

Македонија отвори добро, Томовски беше сигурен на голот, а Велковски и Талески ја диктираа играта во нападот. Направи Македонија предност од два гола, 4:2, 5:3, 6:4 и тука застана.

Португалците се ослободија од тремата, започнаа да играат цврсто во одбраната и со серија од пет гола го презедоа водството 6:9.

Стартот на вториот дел навести подобра игра на Македонија, со три гола во низа предноста на Португалците ја намалија на два гола 12:14. Португалците ја чуваа предноста сè до последните десет минути кога повторно во вистински ритам влезе голманот Томовски, а Велковски погоди за израмнување 19:19, а потоа Талески за предност на Македонија.

Мечот во своите раце го имаше Палевски, кој при резултат 21:20 во контра го погоди дирекот, а потоа Португалија израмни за конечни 21:21.

Талески со шест гола ги предводеше стрелците, додека голманот Томовски собра 11 одбрани, од кои осум во втората половина од второто полувреме.

Денеска од 14:30 Македонија ќе игра против најслабата репрезентација на турнирот, Турција. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе