Мо Салах емотивно се збогува од другарот Ловрен

Дефанзивецот на Ливерпул Дејан Ловрен ги напушти редовите на англискиот првак по шест години и одлучи да замине во Русија.

Триесет и едногодишниот Хрват стана играч на Зенит, а неговиот досегашен клуб се збогува од него преку социјалните мрежи, посакувајќи му сѐ најдобро во понатамошната кариера.

URL
URL

Заминувањето на Ловрен особено тешко го погоди Мохамед Салах, кој стана близок пријател со Хрватот откако дојде на Енфилд во 2017 година.

Салах сними видеопорака во која емотивно се збогува од колегата и пријател, како на теренот, така и надвор од него.

„Не знам што да кажам, пријателе. Не знаеш како се чувствувам во моментов. Навистина ќе ни недостигаш на сите, ама особено мене.

Ми беше неверојатен соиграч и одличен пријател. Многу ќе ни недостигаш. Ми недостигаш и многу те сакам. Беше фантастичен на теренот и надвор од него.

Ти благодарам за сѐ што направи за клубот, ти благодарам за сѐ што направи за мене. Ти посакувам сѐ најдобро во иднина и ти посакувам успешна кариера, да уживаш во новиот клуб и со твоето семејство.

Ти благодарам многу и се гледаме наскоро“, рече Мо.

Ловрен дојде во Ливерпул во 2014 година од Саутхемптон и настапи 154 пати за овој клуб. Стана и англиски и европски шампион, но последните две сезони немаше многу шанси за игра, па реши дека е најдобро да замине од Енфилд.

Зенит на Ливерпул му плати околу 12 милиони евра, а Ловрен со клубот од Санкт Петербург потпиша тригодишен договор.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе