Модриќ: Како пак да имам 27 години

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид Лука Модриќ, кој беше прогласен за најдобар играч на реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта (3:1, прв натпревар 1:0), рече дека се чувствува подмладено.

„Тренерот побара од нас да притиснеме повеќе. Ова е она што го направивме. Ова ни даде доверба. Се чувствувам како пак да имам 27 години. Не размислувам за мојата возраст. Не се важни бројките во пасошот, туку играта на теренот. Сè уште сум гладен да се борам на највисоко ниво и да работам секој ден за да останам тука. Сега беше важно да се пласираме во четвртфиналето по две сезони кога бевме елиминирани порано. Можеме да одиме многу далеку“, истакна Модриќ.

Триесет и петгодишниот хрватскиот репрезентативец во Реал Мадрид е од 2012 година.

И шпанска Marca не штедеше пофалби за Хрватот:

„Дон Лука Модриќ ѝ одржа лекција на Аталанта. Уште една. Беше величествен во првото полувреме, ја контролираше играта и го олади силниот старт на италијанскиот тим и ја претвори грешката на противникот во прекрасна асистенција за Бензема за водство од 1:0. На 35-годишна возраст, тој игра со интензитет на многу помлад играч и зрелост на некој кој веќе ја има Златната топка“.

Marca уште додава дека Модриќ е „фудбалски учебник“ и дека играл, асистирал, шутирал и освојувал топки „како никогаш досега“.

„Реал Мадрид може да продолжи да сонува со него. Тој е генијалец“, заклучува Marca.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе