Граѓанската асоцијација МОСТ објави дека до 18 часот имало рекордна излезеност, од речиси 73 проценти.
Асоцијацијата објави дека во првата изборна единица излезноста до 18 часот била 71,44 проценти, во втората излезноста била 64 проценти, 3 ИЕ имала 70,31 проценти, додека во ИЕ4 излезноста била 72,95 проценти.
Изборната единица 5 имала 62,25 проценти, а најмала излезеност имала единицата 6, со 50,28 проценти.