Moto Z4 – новиот адут на Motorola

Следниот член на серијата Z на Motorola би требало да биде Moto Z4, а вчера беа откриени неколку нови детали за него. Популарниот новинар специјализиран за телефонската индустрија, Еван Блас, објави неколку нови слики, рендери и дизајни за овој смартфон.

Блас ја потврди точноста на деталите кои претходно беа познати за Moto Z4, а објави и една фотографија на која може да се види изгледот на телефонот.

Motorola Moto Z4 ќе има само една камера на задниот дел, а неговата предна камера ќе биде сместена во „notch“ во облик на мала солза. За разлика од многу телефони пред него, овој модел ќе има 3,5-милиметарски отвор за слушалки и секако, ќе биде компатибилен со Moto Mods.

Сензорот за отпечаток од прст не е видлив на сликата, но доверливи извори тврдат дека Moto Z4 ќе има сензор за отпечатоци кој е вграден под екранот. Задната камера, иако има само една леќа, е навистина моќна. Таа располага со 48 мегапиксели и ја користи технологијата Quad Pixel на Motorola. Исто така, камерата поседува можности за Night Vision и Group Selfie на предната камера од 25 мегапиксели.

Moto Z4 ќе пристигне на пазарот со вграден процесор од моделот Qualcomm Snapdragon 675 CPU, а притоа ќе има и моќна батерија од 3.600 mAh. Засега овие информации не се потврдени, иако Блас ги јавува како такви. Но, доколку смартфонот пристигне на пазарот со камера со една леќа и процесор од постарата генерација, тогаш со сигурност нема да биде во конкуренција со модели како Samsung Galaxy S10 и Huawei P30 Pro.

Сепак, компанијата го замисли овој смартфон како поевтина верзија на флегшип моделите на пазарот. Можностите и спецификациите се малку поекономични оние на Galaxy S10 и P30 Pro, но цената на уредот веројатно ќе биде двојно помала од цената на тие два модели.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе