ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Мурињо: Штета што судиите не даваат интервју по натпреварите

Со гол од белата точка синоќа Арсенал го победи Тотенхем, но Жозе Мурињо е незадоволен со таквата судиска одлука.

Тотенхем прв поведе во дербито на Северен Лондон кога Ерик Ламела со мајсторски удар ја затресе домашната мрежа. Потоа Арсенал направи пресврт кој започна со голот на Мартин Одергард на минута пред полувремето.

Во 63. минута Дависон Санчес спречи Александр Лаказет да постигне гол, а судијата Мајкл Оливер оцени дека стартот е за фаул, што значи пенал. Консултираше и ВАР, но одлуката остана, а Лазает го реализираше ударот за пресврт и победа на „Топчиите“.

Remote video URL

„Нема интервјуа на судиите по натпреварите? Тоа е штета“, рече Мурињо зборувајќи за Sky Sports.

Осве пеналот, судијата потоа исклучи и еден од играчите на Тотенхем, односно стрелецот Ламела поради втор жолт картон.

„Во првото полувреме имавме среќа. Постигнавме неверојатен гол, но освен тоа, не направивме ништо. Не се браневме добр, немавме контрола врз играта, не креиравме, не ја чувавме топката, прво полувреме бевме очајни“, изјави потоа за SportKlub.

„Во второто полувреме веднаш се поправивме, но судијата го одлучи натпреварот“, додаде.

Пенал, црвен и пораз - за Мурињо, виновен е судијата и покрај лошата игра на неговиот тим.

„Мислам како и сите останати. Само некој страствен навивач на Арсенал кој има сезонски билет може да каже поинаку. Би сакал да можев да кажам дека одигравме лошо прво полувреме и натпреварот го загубивме во првиот дел, но морам да кажам дека одигравме лошо во првото, а се поправивме во второто, пробавме да победиме, но одлуката на судијата го реши натпреварот“, во свој стил Мурињо коментираше за натпреварот.

Remote video URL

Ова беше дури деветти пораз за Тотенхем во Премиер лигата сезонава со што со 45 бодови сега заостанува 6 зад 4. место, последно кое води во Лигата на шампионите, а кое го држи Челси.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Фудбал

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more
 

Спорт

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе