УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2022/2023

Мурињо: Судијата личеше како да е Шпанец

Жозе Мурињо го критикуваше англискиот судија Ентони Тејлор дека „изгледал како Шпанец“ воа поразот од Севиља во финалето на Лига Европа, негираше дека е во преговори со ПСЖ, но рече дека „не можам објективно да кажам дека ќе останам“ во Рома.

„Џалоросите“ поведоа на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта преку Пауло Дибала, кој изненадувачки беше подготвен да го започне натпреварот и издржа 67 минути по повредата на зглобот минатиот месец.

Џанлука Манчини беше трагичар, бидејќи центаршутот на Хесус Навас се одби од неговата нога за израмнување, а воедно и промаши еден од пеналите во рулетот.

„Она што го кажав е дека или ќе заминеме од тука со Купот или ќе заминеме мртви. Епа, ние сме мртви. Мртви сме физички, мрстви сме ментално, мртви сме затоа што мислиме дека е неправеден пораз со многу инциденти кои се дискутабилни“, изјави Мурињо за Sky Sport Italia.

„Мртви уморни сме, но горди. Секогаш велам дека можеш да загубиш фудбалски натпревар, но никогаш твоето достоинство или професионализам. Победив пет европски финалиња, ова го загубив, но овојпат се враќам дома погорд од кога било. Момците дадоа апсолутно сè оваа сезона“.

Remote video URL

„Се грижиме за овој дрес, се грижиме за нашата природа, ги сфаќаме работите сериозно, работиме со понизност и даваме сè што имаме да дадеме. Секој од нас реагира на различен начин, еден плаче друг не, но вистината е дека сите сме многу тажни, се враќаме мртви уморни, мртви со чувство дека е неправедно“, продолжи тренерот.

Дибала не можеше да ги задржи солзите на крајот, знаејќи дека поради повредата можеше да издржи на теренот само 67 минути.

„Тоа беше интензивна, машка, енергична игра со судија кој изгледаше Шпанец. Цело време само жолт картон, жолт, жолт. Неправдата се покажува со фактот дека Ламела требаше да добие втор жолт, а не доби, и реализираше пенал во рулетот“.

„Во понеделник одам на одмор. Ако имаме време да разговараме за тоа пред понеделник, ќе разговараме. Ако не, ќе одам на одмор па ќе видиме. Морам да се борам за овие момци и затоа не кажувам објективно дека ќе останам“.

Португалскиот стратег говореше и за неговата иднина во Рома по гласините дека ќе си замине. Се зборуваше дека имал понуда од ПСЖ уште летово да седне клупата на овој клуб.

„Јас сум сериозен човек. Пред неколку месеци им кажав на сопствениците дека доколку имам некаков контакт со други клубови, тие први ќе дознаат. Секогаш би бил искрен и директен. Разговарав со клубот во декември кога го имав тој повик од португалската репрезентација. Оттогаш немам никаков контакт со никој друг. Имам уште една година од договорот и ситуацијата е ваква“, заврши Мурињо.

По натпреварот, играчите на Рома беа поздравени и утешени од нивните навивачи, кои лесно ги надминаа по бројност симпатизерите на Севиља на стадионот во Будимпешта, а Мурињо ги собра на долг говор.

Тренерот изгледаше како да ги задржува солзите кога потоа им мавташе на навивачите, ново искуство со оглед на тоа дека ги освои сите пет претходни финалиња на УЕФА во кои учествуваше.

Рома беше единствениот тим што стигна до полуфиналето, а ја започна Лига Европа од самниот почеток, бидејќи Севиља, Јувентус и Баер Леверкузен се приклучија откако испаднаа од Лигата на шампионите.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе