ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

На Гарет Бејл му е забрането да игра голф во Катар

Селекторот на репрезентацијата на Велс, Роб Пејџ, им забрани на своите играчи да играат голф на Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.

„Да, голфот е забранет. Ние сме тука да си ја одработиме задачата. 

Порано, Гарет, Кифер Мур и Арон Ремзи ќе ме прашаа што правиме утре попладне и дали имаме некакви состаноци. Им велев: ‘Не, нема состаноци, слободно одете играјте’“, рече Пејџ.

„Но, тоа е кога имате една недела за подготовки. Сега ќе немаме време. Имаме натпревар на секои четири дена. Нема попуштање.“

URL

Да потсетиме, навивачите на Реал Мадрид, каде Бејл беше од 2013 до 2022 година, го критикуваа Бејл дека покажува повеќе ентузијазам за голф отколку за фудбалот. Пред три години тој наводно им рекол на соиграчите од мадридскиот клуб: „Имам уште три години договор и ако сакаат да се ослободат од мене, ќе треба да ми плаќаат 17 милиони по сезона. Ако не сакаат, ќе останам во клубот и ќе играм голф“.

Бејл летово го напушти Реал како слободен играч, потпишувајќи едногодишен договор со Лос Анџелес ФК од МЛС, за кој постигна три гола на 14 натпревари. Велс се пласираше на Светското првенство по 64 години. Тие ќе играат во групата Б со Англија, Иран и Соединетите Американски Држави.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе