На што треба да внимавате кога купувате нов лаптоп?

Знаеме дека не е лесно да се избере нов лаптоп - еве неколку работи на кои треба да обрнете внимание при купувањето.

За разлика од купувањето други уреди, купувањето на компјутер, особено лаптоп, е далеку покомплицирано поради широкиот избор на модели кои доаѓаат со различни комбинации на компоненти. Сепак, има некои работи што можете да ги земете во предвид за да го стесните вашиот избор.

Како планирате да го користите лаптопот?

Пред да започнете со барање, треба да ја дефинирате целта на вашиот нов лаптоп, односно за што ви е потребен. Без разлика дали ќе го користите за професионални задачи, гледање филмови и серии, играње игри или извршување секојдневни задачи.

Разбирањето на целта на лаптопот многу ќе ви помогне да ги изберете вистинските спецификации.

Големината на екранот е многу важна

Ако сте ја дефинирале целта на лаптопот, следното нешто што треба да направите е да размислите за големината на екранот. Оваа ставка е многу важна бидејќи влијае на големината на сликата и достапната површина за работа. Помал екран ќе ја зголеми преносливоста на лаптопот, додека поголем ќе обезбеди подобро визуелно искуство.

Секако, иако изборот на дијагонала на екранот е апсолутно до вас, резолуцијата исто така игра голема улога - колку поголема, толку подобро - и не препорачуваме да изберете лаптоп со резолуција на екранот помала од FullHD (1080p).

Дали лаптопот ќе го напушти вашиот дом?

Ставка за која ќе треба паралелно да размислувате е преносливоста. Иако оваа карактеристика е во името на самиот уред (лаптоп), тоа не значи дека секој лаптоп е подеднакво пренослив. Ако изберете уред со огромна дијагонала на екранот, направен од компоненти и материјали кои значително ја зголемуваат неговата тежина, многу брзо ќе сфатите колку труд е потребен за негово пренесување.

Од друга страна, ако изберете модел со помал екран, кој е изработен од полесни материјали и чии компоненти не придонесуваат значително за неговата тежина, ќе можете да го носите насекаде со себе, без речиси да го почувствувате - без разлика дали е на работа, на факултет или на пауза, за да можете да слушате музика или да гледате видеосодржини.

Дали чувате фајлови на дискот?

Пред да почнете да барате, размислете и за просторот на дискот што ќе ви биде достапен, особено ако сакате да складирате големи количини на фајлови. Доколку изберете лаптоп кој нема доволно простор, ниту можност за проширување во иднина, ќе бидете осудени да користите надворешни решенија, што, ќе признаете, не е идеално доколку преносливоста ви е важна.

Пребарувањето може да започне

Веб-страниците на продавниците за компјутери кај нас имаат филтри кои можете да ги примените за да видите модели кои одговараат на она што однапред сте го замислиле. Кога ќе ги примените и ќе пронајдете модел кој мислите дека одговара на вашиот буџет, треба да обрнете внимание на спецификациите кои влијаат на неговите перформанси.

Перформансите на лаптопот зависат од фактори како што се процесорот, RAM меморијата и графичката картичка. Кога станува збор за избор на процесор, дознајте која генерација е моментално актуелна. Наша препорака е секогаш да ја избирате сегашната или претходната генерација за вашиот уред брзо да не застарува, а во зависност од вашите потреби, моќта на процесорот, како и бројот на јадра.

Ако играте игри или работите што бараат извршување на графички интензивни задачи, ќе ви треба независна графичка картичка. Меѓутоа, ако тоа не е случај, слободно изберете модел чиј процесор има интегрирана графика.

Секако, многу е важна и количината на RAM меморија со која располагате. Повеќето корисници ќе бидат совршено задоволни со опцијата 8 GB RAM, но ви препорачуваме да го изберете моделот од 16 GB за да се осигурате дека апликациите ќе продолжат да работат непречено доколку некое од идните ажурирања го зголеми количеството ресурси потребни за правилно функционирање. Секако, не ни земајте во предвид лаптоп кој има помалку од 8 GB RAM.

Мали нешта што не се баш мали

Дури и кога мислите дека сте го нашле совршениот лаптоп за вашите потреби, има мали нешта на кои треба да обрнете внимание, како што се автономијата на батеријата, достапните порти, гаранцијата и техничката поддршка, но и дали оперативниот систем е претходно инсталиран или не.

Внимателно прочитајте ги сите спецификации на саканиот уред и пред дефинитивно да се одлучите за модел, погледнете или прочитајте критики што ги оставиле корисници на валидни онлајн платформи.

Тагови
реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Read more

Хардвер

Пристигнаа M3 компјутерите на Apple: Што може да се купи со 7.200 долари?

Read more

Презентиран Apple Pencil со USB-C порта

Read more

Батериите наскоро би можеле да траат 10% подолго

Read more

Sneaker X е моќен компјутер во форма на патика

Read more
 

Гик

Една од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото за кратко време

Читај повеќе
  • play_arrow

Избрани најдобрите видеоигри за 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива кои органи стареат најбрзо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Читај повеќе

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Читај повеќе

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Читај повеќе

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Читај повеќе
  • filter

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Читај повеќе