На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Претераната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, што би можело да допринесе за голема криза.

На нашата планета ѝ се заканува фосфогедон, предупредуваат научниците, изразувајќи страв дека злоупотребата на фосфор би можела да доведе до недостаток на фосфатни ѓубрива, што на глобално ниво би го пореметило производството на храна.

Претераната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, на тој начин придонесувајќи кон климатската криза, пренесува Guardian.

Претераната употреба на фосфор го зголемува ослободувањето на метан ширум планетата

Процесот на испирање на фосфатните ѓубрива од полињата заедно со отпадните води, кои потоа се влеваат во реките, езерата и морињата, резултира со широко распространето цветање на алгите и создавање на водни мртви зони што го загрозуваат рибниот фонд, предупредуваат научниците.

Прекумерната употреба на овој елемент го зголемува и ослободувањето на метан ширум планетата, истовремено влијаејќи на зголеменото глобално затоплување и растечката климатска криза предизвикана од емисијата на стакленички гасови.

„Дојдовме до критична точка. Можеби ќе можеме да се вратиме на старо, но сега навистина треба да се собереме и да почнеме да го користиме фосфорот на многу помудар начин. Ако не го сториме тоа, ќе се соочиме катастрофа што ја нарековме фосфогедон“, вели професорот Фил Хејгарт од Универзитетот Ланкастер.

На Земјата нема живот без фосфор

Фосфорот во 1669 година го открил германскиот научник Хениг Бранд, кој го изолирал од урина. Се испоставило дека е неопходен за живот. Коските и забите во најголем дел се изградени од минералот калциум фосфат, соединение добиено од него, а овој елемент е присутен во нашата ДНК и во мембраните на клетките.

„Едноставно кажано, на Земјата нема живот без фосфор“, појаснува професорката Пени Џонс од Универзитетот Бристол.

Фосфорот го помага растот на посевите

Глобалното значење на овој елемент е во неговата употреба - фосфорот го помага растот на земјоделските култури. Секоја година во светот се продаваат околу 50 милиони тони фосфатни ѓубрива. Оваа количина игра клучна улога во исхраната на осумте милијарди жители на нашата планета. Но, поголеми наоѓалишта на фосфор се наоѓаат само во неколку земји: Мароко и Западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е второто најголемо наоѓалиште, а Алжир е трето.

Зголемениот притисок врз наоѓалиштата ги натера експертите да се плашат дека светот може да се соочи со намалување на резервите на фосфор во рок од неколку години, оставајќи ги многу нации да се борат да го добијат за да го прехранат своето население. Ваквите предвидувања загрижуваат многу аналитичари, кои стравуваат дека неколку картели наскоро би можеле да го контролираат најголемиот дел од светските залихи, оставајќи го Западот многу ранлив на скокови на цените.

Резултатот би бил сличен на нафтената криза од 70-тите години на минатиот век.

Претерано користење фосфат на нивите

Аналитичарите велат дека се однесуваме расипнички кога користиме фосфат на нивите. Ѓубривото кое од нив испира, како и испуштањето отпадни води богати со фосфор, резултираат со големо загадување на водата и влијаат на штетното цветање на алгите.

Некои од најголемите слатководни подрачја во светот се исто така погодени од овој проблем, вклучувајќи го Бајкалското Езеро во Русија, езерото Викторија во Африка и езерото Ири во Северна Америка. Цветањето во Ири во последниве години резултираше со целосна контаминација на водата за пиење.

Исто како и на копно, фосфатите помагаат во растот на водните растенија, но нивниот раст го потиснува цветањето на алгите, па затоа во тие области се формираат водени мртви зони.

Причина за загриженост

Таквите кризи доведуваат до дополнителни еколошки проблеми. „Климатските промени значат дека поради потоплите временски услови ќе има уште повеќе цветање на алги по единица фосфатно загадување“, објаснува проф. Брајан Спирс од британскиот Центар за екологија и хидрологија .

„Проблемот е во тоа што кога таа алга ќе умре, се распаѓа и почнува да произведува метан. Значи, зголемувањето на цутот ќе значи дека повеќе метан ќе се ослободи во атмосферата, а метанот е 80 пати помоќен од јаглерод диоксидот кога станува збор за затоплување. атмосферата. Тоа е причина за вистинска загриженост“, предупреди Спирс.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Вести

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Read more

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Read more

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Read more

Древни кинески потонати бродови откриваат детали за Патот на свилата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Читај повеќе

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Читај повеќе
  • play_arrow

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Читај повеќе

Откриена Android апликација која ги снима корисниците, ако ја имате – избришете ја

Читај повеќе

Древни кинески потонати бродови откриваат детали за Патот на свилата

Читај повеќе
  • play_arrow

По два дена мрак се појавило сонце - реконструкција на уништувањето на Помпеја

Читај повеќе

Како Google Maps да престане да ви работи во позадина?

Читај повеќе

Исчезнуваат познатите прстени на Сатурн

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ќе се случи ако ја снема Месечината?

Читај повеќе