Најбогатиот фудбалер во светот итно е хоспитализиран

Најбогатиот фудбалер во светот, Фаик Болкија од Брунеи, заработи тешка повреда која долго ќе го оддалечи од фудбалските терени.

Внукот на султанот од Брунеи настапува за Ратчабури во тајландската Премиер лига и тешко се повреди по дуел со противнички фудбалер и итно беше префрлен во болница каде беше опериран.

Болкија (25) се повреди откако влезе како замена на полувремето против Полис Теро на стадионот „Буњачинда“.

Претседателот на Ратчабури, Танават Нитиканчана рече:

„Денеска е најтажниот ден. Мојот брат, принцот Фаик Џефри Болкија, беше повреден додека играше за нас. Знам дека си во шок и во многу болки во моментов, но знај дека ќе бидеме со тебе на секој чекор додека не се вратиш и повторно ќе даваш голови. Иако си со нас само осум месеци, сигурен сум дека си сакан од сите во клубот и од навивачите. Ќе го чекаме денот кога ќе се вратиш посилен од кога било, момче“, изјави првиот човек на тајландскиот клуб.

URL

Болкија, чие семејство има богатство од 20 милијарди евра, од почетокот на кариерата е на надолна патека.

Како член на семејството на султанатот Брунеи, тој дојде преку младинската академија на Челси, Саутемптон и Лестер, но не успеа никаде да се пробие до првотимскиот статус. Во 2020 година, тој ја побара среќата во португалски Маритиму.

Но, таму не успеа да се наметне, но не сакаше ниту да ја заврши кариерата. Ја прифати поканата од далечниот Тајланд и реши да почне од нула.

Она по што е познат и овој фудбалер е неговото второ хоби, а тоа е дека сака да игра фудбал со своето „милениче“ - тигарот.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе