Најбогатиот фудбалер во светот во очај, го допре дното во кариерата

Не игра фудбал за пари, уште помалку му е важна платата, едноставно сака да игра фудбал на професионално ниво. Но, некои работи во животот ни со пари не можат да се купат.

Болкија како капитен на репрезентацијата на Брунеи

Најбогатиот фудбалер на светот, Фаик Болкија, беше принуден да го напушти португалскиот Маритиму откако и таму не ја најде среќата.

Болкија, кој е братучед на пребогатиот султан од Брунеи, Хасанал Болкија, и син на принцот Џефри Болкија, очајнички се обидува да го изгради своето име во светот на фудбалот. Сепак, од самиот почеток неговата кариера тргна во надолна линија.

Крилниот напаѓач и капитен на репрезентацијата на Брунеи го напушти португалскиот Маритиму откако не успеа да се избори за минутажа ниту во резервниот тим на овој клуб. Во Португалија пристигна од англиски Лестер каде исто така го носеше дресот на резервниот тим.

Болкија (23) помина низ младинската школа на англиските фудбалски клубови. Играше за Саутемптон и Челси пред да ѝ се приклучи на академијата на Лестер во 2016 година. Игра на позицијата десно офанзивно крило, но досега во кариерата нема одиграно ни 5 официјални натпревари.

„Постигнавме договор со Фаик Болкија за раскин на договорот. Благодарни сме за посветеноста што ја покажа во служба на клубот и му посакуваме среќа во иднина“, изјавија од Маритиму.

По болната разделба, прашање е каде и дали Болкија, кој поседува богатство од 13 милијарди фунти, ќе ја продолжи фудбалската кариера.

Зошто да не во некој македонски клуб? Па можеби ќе се изроди и некаква инвестиција од неговата богата фамилија...

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе