УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Најдобрите италијански стрелци во Калчото го откриваат најголемиот проблем на Спалети за ЕУРО 2024

Само 19 италијански играчи се меѓу првите 56 голгетери во Серија А сезонава, а само 8 од нив се класични напаѓачи.

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, се најде на насловните страници во вторникот поради изјавата дадена во пресрет на вечерашниот заостанат натпревар против Интер во Серија А. Стратегот на „Деа“ предупреди дека Џанлука Скамака сѐ уште не е „голем шампион“ и поради тоа „проблем е“ да се смета за таков.

Како што еднаш анализираше Football Italia, цитатите на Гасперини се оправдани со бројките на Скамака оваа сезона бидејќи италијанскиот репрезентативец досега постигна само 6 гола во Серија А. Сепак, другата страна на паричката вели дека поранешниот играч на Вест Хем е вториот најплоден центарфор во Калчото, по Андреа Пинамонти од Сасуоло.

Напаѓачот на „Неровердите“ воедно е и најдобар италијански голгетер во Серија А, заедно со неговиот соиграч Доменико Берарди и крилото на Болоња, Рикардо Орсолини.

По Скамака и Пинамонти, има шестмина италијански центарфори меѓу топ 56 (барем 4 гола) голгетери во Серија А досега: Матео Регети (Џеноа), Лоренцо Лука (Удинезе), Чиро Имобиле (Лацио), Андреа Белоти (Фиорентина), Роберто Пиколи (Лече) и Лоренцо Коломбо (Монца).

Ниту еден Италијанец досега не стигна до двоцифрен број на голови, а воедно во топ 5 стрелци  во Серија А има само странци.

Чудно, Џакомо Распадори од Наполи не е меѓу овие 56 голгетери, но сепак се чини дека тој е најголемиот кандидат за напаѓач во почетните 11 на Италија на ЕУРО 2024. Зад ова стои фактот што беше стартер на 4 од шесте натпревари под водство на новиот селектор Лучано Спалети.

Италијанскиот стратег често имаше успеси користејќи лажна 9-ка во кариерата, а најдобар доказ за тоа е Франческо Тоти во сезоната 2006/2007 во Рома. Истовремено, Распадори најдобрите натпревари сезонава ги одигра во репрезентацијата, а не во Наполи.

Како и да е, ефикасноста на италијанските напаѓачи во Серија А сезонава е загрижувачка за Спалети и без аргумент најголемиот проблем со кој ќе се соочи на теренот на претстојното ЕУРО, кое најави дека сака да го освои.

Најдобри италијански стрелци во Серија А досега (26. коло):
  • Доменико Берарди (Сасуоло) - 9
  • Рикардо Орсолини (Болоња) - 9
  • Андреа Пинамонти (Сасуоло) - 9
  • Џакомо Бонавентура (Фиорентина) - 7
  • Андреа Колпани (Монца) - 7
  • Лоренцо Лука (Удинезе) - 6
  • Матео Политано (Наполи) - 6
  • Џанлука Скамака (Аталанта) - 6
  • Федерико Кјеза (Јувентус) - 6
  • Матео Регети (Џеноа) - 6
  • Чиро Имобиле (Лацио) - 6
  • Антонио Кандрева (Салернитана) - 5
  • Лоренцо Пелегрини (Рома) - 5
  • Лука Мацители (Фрозиноне) - 5
  • Андреа Белоти (Фиорентина) - 4
  • Матео Песина (Монца) - 4
  • Лоренцо Коломбо (Монца) - 4
  • Џовани Фабиан (Болоња) - 4
  • Лука Паволети (Каљари) - 4
  • Роберто Пиколи (Лече) - 4
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе