Најнов тренд: Бербер средува коса со пламен
Мохамед Ханафи, бербер од Каиро, Египет, се прослави со неговата техника на средување коса со пламен. Иако на почеток со тешкотии ги убедувал муштериите да ја пробаат оваа техника, тој сега „растура“ со необичниот начин на средување коса. Тој тврди дека на овој начин косата станува поцврста, се штити од првут и фризурата трае подолго.