НАСА планира да испрати подморница на Титан
Американската вселенска агенција НАСА планира да ги истражи огромните океани од метан и етан на Титан, месечината на Сатурн. За таа намена разви специјална подморница.
Овој амбициозен план би можел да се оствари за десетина години, доколку биде одобрен и финансиран, пренесе Space.com. Подморницата ќе биде долга 6 метри и опремена со потребната истражувачка и комуникациска опрема. Нејзината тежина на Земјата ќе биде 1.500 килограми.
Подморницата е идеална за Титан, бидејќи движењето во океан од метан е полесно отколку во вода. Истражувањето е исклучително важно бидејќи се верува дека во океаните постојат живи организми кои се разликуваат од оние на Земјата.