Норвешка ги затвора границите за руски туристи

Норвешка денеска соопшти дека наскоро ќе ги затвори границите за руските туристи, не дозволувајќи им директен пристап до Шенген зоната.

Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија на Украина. Скандинавската земја дели 198 километри копнена граница на Арктикот со Русија.

„Одлуката за заострување на правилата за влез е во согласност со пристапот на Норвешка да застане на страна на своите сојузници и партнери како одговор на илегалната агресија на Русија против Украина“, рече министерката за правда Емили Енгер Мехл. Норвешка, членка на НАТО, речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани од пролетта 2022 година.

Има исклучоци

Само имателите на долгорочна виза издадена пред тој датум или оние кои поседуваат виза издадена од друга шенген земја можеа да го поминат граничниот премин Сторског-Борис Глеб, единствениот копнен премин меѓу двете земји.

Од 29 мај ќе им биде забранет влез во Норвешка.

Предвидени се исклучоци, соопшти Министерството, особено за руските граѓани кои ги посетуваат членовите на блиското семејство кои живеат во Норвешка и оние кои работат или студираат во таа земја или други земји од Шенген зоната.

Иако не е членка на ЕУ, Норвешка е тесно поврзана со неа и ги усвои речиси сите санкции што Брисел ги воведе против Русија.

реклама

Свет

Русија обвинува: Украина регрутира џихадисти на Ал Каеда во Сирија

Read more

Трамп пристигна во Белата куќа, му кажа на Бајден дека политиката е тешка

Read more

Жесток критичар на Путин најден мртов во Белград

Read more

Анализа: Зошто пристапот на Трамп кон Украина е толку различен?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Русија обвинува: Украина регрутира џихадисти на Ал Каеда во Сирија

Читај повеќе

Радев: Ако Македонија навистина има желба за ЕУ мора да ја исполни Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство

Читај повеќе

Трамп пристигна во Белата куќа, му кажа на Бајден дека политиката е тешка

Читај повеќе

Не застанал на знак за запирање и удрил во полицајци - кривична за прилепчанец

Читај повеќе

18-годишник се самозадоволувал во близина на основно училиште во Тетово

Читај повеќе

АХВ: Казни за маркети и гостилници во Крива Паланка, уништени околу 50 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Читај повеќе

Ангелов дециден: Снегот нема да ги изненади институциите, државата е спремна за зимската сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Рама со критики за самитот за климатските промени: Што правиме тука? Јадеме, пиеме и се фотографираме

Читај повеќе