Норвешка пресилна за Македонија

Норвешка ја совлада Македонија со резултат од 34:24 и стана првиот четвртфиналист на Светското првенство во Франција. Најефикасен македонски ракометар на натпреварот беше Кире лазаров, кој постигна 6 голови.

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на 25 Светско првенство со поразот од Норвешка 24:34 (12:14). Реновираниот тим на Лино Червар, на Мундијалот во Франција, ја исполни целта со пласманот во осминафиналето и само потврди дека овој тим има иднина.

Македонија во првиот осминафинален меч на СП, против фаворизираната Норвешка, одигра одлично првото полувреме, но во вториот дел тимот остана без енергија, кога најмногу се почувствува неиграњето на повредените Манасов и Миркуловски.

„Мораме да бидеме реални тие се малку подобри од нас. Ние бевме хендикепирани без Миркуловски и Манасков. Првото полувреме го одигравме добро, но во второто полувреме немавме сила. Мислам дека можеме горди да се вратиме во Македонија. Имавме добри моменти во Франција и можеме задоволни да си одиме дома“, изјави по натпреварот македонскиот селектор Лино Червар.

Македонија одигра одлично прво полувреме против селекцијата на Норвешка, која на последното европско првенство играше во полуфиналето. Одбраната беше подобриот дел од играта, додека во нападот, само поради неколкуте промашени зицери и трите погодени стативи, Македонија не замина со предност по првите 30 минути.

Второто полувреме Норвежаните го отворија фуриозно, со осум гола во првите десет минути и предност од осум гола, кога и го решија победникот.

Македонија се распадна во вториот дел, кога најмногу и се почувствува неиграњето на Манасков и Миркуловски.

На крајот најефикасни во македонската репрезентација беа Кире Лазаров со шест и Столе Стоилов со пет гола. Капитенот Лазаров имаше и шест асистенции, а СП го заврши со 50 постигнати голови.

Норвешка ја предводеа Танген и Јондал со по шест голови, а уште тројца играчи постигнаа по пет голови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе