Нов Android малвер ве прислушкува и ви ги краде податоците

Истражувачите од Zimperium Labs открија нов Android малициозен софтвер наречен RatMilad, кој се користи за шпионирање на жртвите и кражба на податоци.

Zimperium Labs предупреди дека малициозниот софтвер може да се користи за сајбер шпионажа, изнуда или прислушување. RatMilad моментално цели само на мобилни уреди на Блискиот Исток.

„Податоците украдени од овие уреди може да се користат за пристап до приватни корпоративни системи, уцена на жртвата и многу повеќе“, предупредува новиот извештај од Zimperium Labs.

Овој шпионски софтвер се дистрибуира преку лажен виртуелен генератор на телефонски броеви наречен NumRent кој наводно може да се користи за активирање на профили на социјалните мрежи. Откако ќе се инсталира, апликацијата бара ризични дозволи и потоа ги злоупотребува за да го вчита RatMilad.

Главниот канал за дистрибуција на лажната апликација е Telegram, бидејќи NumRent не е достапен на Google Play Store или други продавници.

Истражувачите забележале и наменски веб-сајт за рекламирање на апликацијата NumRent. Оваа веб-локација се промовира преку линкови споделени на Telegram или други социјални мрежи и комуникациски платформи.

Откако ќе се инсталира на уредот на жртвата, RatMilad се обидува да украде основни информации за уредот (модел, производител, верзија на Android), MAC адреса на уредот, листа на контакти, СМС пораки, евиденција на повици, имиња на профили, список на инсталирани апликации заедно со нивните дозволи, податоци од clipboard, податоци за локација на GPS, информации за SIM картичката (број, земја, IMEI), список со датотеки и содржина на датотеки. Освен што ги краде, RatMilad може да брише и датотеки, да ги менува дозволите на инсталираната апликација и да го користи микрофонот на уредот за снимање аудио и прислушување. Овие можности се повеќе од доволни за собирање корпоративни информации, лични податоци, приватни комуникации, фотографии, видеа, документи итн.

Zimperium го откри RatMilad откако малициозниот софтвер не успеа да се вчита на уредот на нивниот клиент.

„Шпионскиот софтвер како RatMilad е дизајниран да работи тивко во позадина, постојано да ги шпионира жртвите без да предизвикува сомнеж“, се вели во извештајот. „Веруваме дека злонамерните актери одговорни за RatMilad го зедоа кодот од групата AppMilad и го интегрираа во непријателската апликација.“

Оттаму сметаат дека жртвите се случајни цели и дека ова не е насочена кампања.

Во времето на истрагата, каналот Telegram кој се користеше за дистрибуција на шпионскиот софтвер беше прегледан повеќе од 4.700 пати и имаше над 200 надворешни споделувања.

За да се заштитите од таков злонамерен софтвер, избегнувајте преземање апликации надвор од продавницата на Google Play, скенирајте со вашиот антивирус и внимателно прегледајте ги дозволите побарани при инсталацијата.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе