Нова Facebook функција следи страници што се посетуваат и спамира со досадни реклами

Новата функција Link History е вклучена автоматски, поради што некои корисници веќе пријавија дека Facebook апликацијата исфрла досадни поп-ап известувања.

Facebook воведе нова опција во својата мобилна апликација, која следи кои страници ги посетил корисникот во претходните 30 дена. Новата функција се нарекува Link History и е достапна во верзиите на апликацијата за Android и iOS.

Иако е опционална, новата функција се вклучува по дифолт, т.е. автоматски. Поради ова, некои корисници веќе пријавија дека Facebook  апликацијата им исфрла скокачки известувања со кои ги информира за историјата на посети на одредена врска, но им дава и опција да ја исклучат оваа опција.

Сепак, иако историјата на посети може да биде корисна кога треба повторно да посетите претходно посетената врска, (и) овде, на стариот добар начин на Facebook и Meta, постои квака со (зло)употребата на приватноста на корисниците.

„Можете во секое време да изберете да ја исклучите Link History. Кога опцијата е активирана, секоја врска на која ќе кликнете во апликацијата или ќе ја посетите во мобилниот прелистувач на Facebook ќе се зачува 30 дена“, се вели на страницата за поддршка на корисници на Facebook. Новата опција, сепак, не вклучува или собира линкови од разговорите на Messenger.

Сепак, учејќи од претходните искуства со апликациите на Meta, корисниците почнаа да изразуваат загриженост за приватноста на нивните FB сметки. Имено, Facebook може да ја користи историјата на посети со цел да испраќа насочени реклами до корисниците на своите платформи.

Затоа, ако сакате да ја исклучите оваа поставка, треба да отворите која било врска во апликацијата. Потоа треба да го стартувате мобилниот прелистувач на Facebook, да го допрете менито со три точки и потоа да ја изберете опцијата Go to settings, а потоа Browser settings. За да ја деактивирате оваа опција, поместете го налево лизгачот Allow Link History.

Кога ќе го направите ова, Facebook, како што наведува Meta, веднаш ќе ја избрише вашата историја на посетени линкови и повеќе нема да ја користи за насочено рекламирање. Сепак, може да потрае до 90 дена за вашата листа со линкови да биде целосно избришана.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе