Нуклеарните тестови во Француска Полинезија го зголемиле ризикот од рак

Полинезијците изложени на радијација од француските нуклеарни тестови во јужниот дел на Пацификот имаат благо зголемен ризик од развој на рак на тироидната жлезда, според студијата која за прв пат користи декласифицирани воени податоци.

Помеѓу 1966 и 1975 година, Франција изврши 41 тест на нуклеарно оружје во Француска Полинезија, што создаде радиоактивен столб во воздухот, изложувајќи ги жителите на последици кои беа извор на трајни тензии меѓу Париз и жителите на пацифичкиот архипелаг.

Студијата, чии резултати беа објавени вчера во списанието JAMA Network Open, користеше моделирање на ризик за да утврди дали нуклеарните тестови се поврзани со помеѓу 0,6 и 7,7 проценти од случаите на рак на тироидната жлезда во Француска Полинезија.

„Тоа е процентот на рак на тироидната жлезда што се припишува на тестовите, меѓу сите случаи на рак на тироидната жлезда кои се развиле или ќе се развијат кај луѓе присутни во времето на нуклеарните тестови, на сите острови заедно“, рече водечкиот автор на студијата Флоран де Ватер за француската новинска агенција AFP.

„Влијанието на нуклеарните тестови беше слабо, но не и непостоечко“, рече Де Ватер, експерт за радијација во францускиот медицински истражувачки институт INSERM. Студијата спореди 395 луѓе дијагностицирани со рак на тироидната жлезда помеѓу 1984 и 2016 година во Француска Полинезија со контролна група од 555 од општата популација.

Тимот, исто така, ја истражуваше инциденцата на рак на тироидната жлезда во 2010 година, но „ова е прва студија која користи доверливи воени извештаи кои беа декласифицирани во 2013 година“, рече Де Ватер. Користејќи документи, метеоролошки податоци и интервјуа со пациенти со рак, научниците го симулирале радиоактивниот столб произведен од секој нуклеарен тест и ја процениле дозата на зрачење добиена од тироидната жлезда на секој учесник.

Просечната доза на зрачење за секој човек беше речиси пет mGy, што е стандардна единица за апсорпција на зрачење. Научниците открија „нема значајна поврзаност“ помеѓу дозата на зрачење и ризикот од рак на тироидната жлезда, се вели во соопштението на INSERM.

Но, врската стана значајна кога беше анализиран само инвазивниот карцином кој бара третман. Франција ги премести своите нуклеарни тестови под земја во 1975 година, но продолжи да спроведува експлозии во Пацификот до 1996 година.

Во текот на три децении, Франција извршила речиси 200 експерименти. За време на посетата на главниот град Папете во 2021 година, францускиот претседател Емануел Макрон призна дека Франција им „должи“ на Полинезијците поради нуклеарните тестови, повикувајќи да се објават доверливи воени информации.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе